Пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ имаат складен брак, и ја имаат и ќерката Нина.
Неодамна српските медиуми потсетија дека тие ја завршија својата врска во 2009 година поради притисок од медиумите и бројни обврски.
Баладата на Јелена „Да ми је да ми се врати мој драги“ беше напишана токму во моментот кога двајцата беа разделени, а пејачката одби да ја отпее.
Меѓутоа, две години подоцна, кога следеше помирување со Босиљчиќ на предлог на нејзиниот сопруг, Томашевиќ ги отпеа стиховите кои опишуваа тежок период во нивните животи.
– Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Иван и јас се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за тоа: Треба или не треба.
Сергеј Четковиќ, мојот драг колега со кого исто така се дружам, ми се јави: „Ти напишав песна“. И тој ми ја отсвири „Да ми је да ми се врати мој драги“. Му реков дека не доаѓа предвид да ја пеам- рече Јелена Томашевиќ и додаде:
– Навистина, јас да изгледам оставена, не сакам да ја пеам оваа песна. И помина некое време, богами, мислам околу две години, јас и Иван веќе се смиривме. Во секој случај, во една прилика му реков:
„Па, дозволи ми да ти отпеам што ми напиша Сергеј, и јас никогаш не го отпеав“. Кога ја слушна песната, Иван се воодушеви: „Ова е божествено, зошто не го сними?“ – рече Јелена во емисијата „Kec na jedanaest“.
Јелена тогаш му објаснила на Босиљчиќ дека ѝ бил премногу тежок период за снимање на таа песна, но судбината одреди дека токму таа ќе остане како спомен на периодот кој бил болен и за двајцата.
Патем, од моментот кога повторно се смирија, ништо не успеа да ги раздели, а љубовта, разбирањето и почитта е она на што го градат својот брак и на тој начин се спротивставуваат на сите препреки веќе 10 години.
Актерот Иван Босиљчиќ редовно е активен на социјалните мрежи, а една од неговите последни објави привлече големо внимание од неговите следбеници.
Имено, актерот ја избричил брадата, за која многумина тврдат дека е негов заштитен знак, па се фотографирал. Со оваа промена, тој ги изненади и ги стави во неверување неговите фанови.
Покрај свежата фотографија, тој стави и една стара, за да може јасно да се види разликата.
Фото: Инстаграм принтскрин