Елена- Живот со стил слави роденден на посебно место (ФОТО)

0

Водителката Елена Стефановска која ја води емисијата „Живот со стил“, навистина живее во стил. Елена на Инстаграм ужива да сподели моменти од убаво патување, викенд, ручек, стил на облекување.

Елена од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил“. Елена обезбдува шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги части. Шопингот ќе биде на нејзина сметка. Натпреварувачите ги оценуваат познати личности.

Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини. И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk .

Сметам дека пред се треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.

Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.

Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.

Лани за прв пат, Елена Стефановска прозборе за својот дечко, Бојан Најдоски. Таа му посака среќен роденден на својот Бојан, и тогаш јавноста дозна за нивната врска.

И оваа година, Елена му напиша мини љубовно писмо на дечко и на Инста. „Остани таков каков што си, ама баш таков, ништо не менувај.

Те сакам до небо. Нека ти е најсреќен роденденот љубов моја“, рече Елена за саканиот.

Елена вчера славеше роденден и тоа на посебно место. Таа сподели слика од Белград во која пие шампањско и на Инстаграм напиша: Среќен ми роденден. На сликата не е нејзиниот сакан, но тој сигурно е автор на фотографијата.

Фото: Инстаграм на Елена Стефановска и Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВчерашните бројки укажуваат на можен почеток на нов бран – да се надеваме дека нема да биде како есенскиот
Следна статијаБев во Германија и кога ми се јави телефонот ми падна од рака – пејачката ја исполнила желбата на Балашевиќ и неговиот син