Елена Велевска: Ќе бев поуспешна да не се омажев – но сега го имам најважното во животот

0

Елена Велевска е една од најшите најдобри и најпопуларни пејачки, која пред пандемијата имаше многу настапи во Македонија и во дијаспората.

Елена неодмана отворено проговори за моменталната ситуација во која се наоѓаат музичарите, но и за тоа колку македонскиот народ е желен за музика и забава после сите лоши моменти кои ги имаше во изминатиот период поради корона вирусот.

-Публиката ми се чини дека никогаш досега не сум ја доживеала дека е толку жедна за пеење, за музика, за софра, пиење, за здравица.

Значи, народот сака песна и никој не може да ме убеди дека на народот не му е дојдено до песна.

На народот и тоа како му дојдено до песна, до олабавување, да заборави на се што се случи, а тоа сето полесно е кога ќе го пренесеме ние преку песна.

Ќе ги разнежниме и на тој начин многу е полесно и да си се опуштат со добро вино и убава музика, истакна Елена во интервју за ИН ТВ.

Македонската фолкерка е една од оние во која очите на јавноста се постојано вперени. Заради новите песни и видео спотовите, приватниот живот па се до секојдневните објави на социјалните мрежи.

Елена Велевска, која со години наназад е една од најбараните наши фолк пејачки вели дека пандемијата, како и сите нејзини колеги значително ја променила.

Велевска уште еднаш ја потврди својата скромност во интервјуто за Фокус каде што проговори за актуелната ситуација уште еднаш.

Рече дека таа веќе не размислува повеќе за иднината, туку се научила да живее во сегашноста. Плановите на долги патеки, кои во минатото и биле секојдневие, сега ги оставила за некои подобри времиња.

Велевска е мајка на три деца, и минатата година се разведе од охриѓанецот Маријан. Елена Велевска за естрадниот магазин „Бекстејџ“ го најави враќањето на музичката сцена со нов видео-спот, но призна и дека наскоро повторно ќе биде сингл.

Елена истакна дека се трудела да го зачува бракот, но не успеала. Вели дека ќе се потруди годините поминати во брак да бидат основа за ги зачува добрите односи со поранешниот сопруг, Марјан Мирчески. Таа додаде дека мажи има насекаде низ светот, а дека децата ѝ се најбитни од се.

– Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот, вели Елена.

Велевска заедно со колегата од поп естрадата Александар Тарабунов гостуваше на ТВ „Алфа“ во емисијата „Фолк парада“ кај новинарката Антина Даева. Велевска зборуваше за својата музика и одговараше на прашања од гледачите.

Еден од гледачите ја праша дали мисли дека би била толку успешна во кариерата ако не се омажеше и ако немаше деца. Велевска на почетокот малку се зачуди од ова прашање, и потоа одговори:

– Сигурно дека ќе бев посупешна ако не се омажев и ако немав деца, ќе направев повеќе, но децата ми се најважни, тие се мојата мотивација во животот“, одговори Елена.

Претходна статијаТажната судбина на Лепа Лукиќ: За една работа никогаш не си прости
Следна статијаБрена со снаата на прошетка на Калемегдан, цел Белград гледаше во нив (ФОТО)