Брена со снаата на прошетка на Калемегдан, цел Белград гледаше во нив (ФОТО)

0

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Филип Живојиновиќ, посинокот на Лепа Брена се во фокусот на јавноста откако се во брак, од летото во 2018 година.

Филип е син на Боба Живојиновиќ од првиот брак, неговата мајка е Зорица Накиќ. Минаја слават годишнината од нивната љубов.

Овој пар се оствари и во улогата на родители откако Пријовиќ во март во 2019 година го роди синот Александар.

–Пред пет години и испратив порака на една девојка. И оттогаш секој ден. Среќна годишнина мама Александра! Те сакам – и напиша Живојиновиќ на својата сакана кога славеа годишнина од бракoт.

Александра Пријовиќ неодамна во едно интервју исткана дека иако во овој период сопругот Филип Живојиновиќ повеќе работи од неа, таа не прифаќа настапи по секоја цена, а се грижи и за синот.

„Јас во ова ситуација најмногу размислувам за здравјето на моето семејство и пријателите. Не можам да кажам дека ми е убаво што немам настапи, но ќе се среди се и ќе биде како порано.

Едвај чекам да почнам да работам, за себе, за публиката, не се во прашање финансиите“ вели пејачката. Таа откри дека нема да ја спушти цената на настапите.

„Јас не работев додека траеше оваа состојба. Секој има избор и се бори за опстанок. Затоа велам нека секој прави како што мисли дека треба, мојот талент и пеење не би ги менувала“ вели Пријовиќ.

Александра Пријовиќ искрено зборуваше за плановите за второто дете, ситуацијата предизвикана од вирусот, како и за мајката која ја напуштила работата за да ја издржува.

„Оваа година беше најубава за мене, јас бев со мојот син 9 месеци. Јас сум со него цело време. Одмарав и се изнауживав оваа година”, рече Александра Пријовиќ и откри дали планира второ дете:

“Сè уште не планирам второ бебе. Кога тоа ќе се случи, тоа ќе се случи. Би сакала да имам најмалку 2 деца, па кога тоа ќе се случи- ќе се случи. Ние не планиравме ниту за првото дете, едноставно се случи.”

„Мајка ми пееше со години, кога почнав да се натпреварувам, таа се откажа од пеењето и реши да ме поддржи максимално. Ја напушти својата работа за да се грижи за мене’, рече Пријовиќ во едно шоу.

Денес, сончевото време ги измами белграѓани а излезат на прошетка, а пејачката Александра Пријовиќ (25) не беше исклучок. Таа на својот Инстаграм сподели неколку фотографии од денешната прошетка низ градот. Она што беше посебно во целата приказна беше дека таа шеташе со Лепа Брена.

Двете очигледно сакаат да поминуваат време заедно, и тоа очигледно е многу добар показател дека одлично се сложуваат. Објавите на социјалните мрежи само дополнително го нагласуваат задоволството од заедничко поминување време.

Брена и Александра решија да прошетаат низ Калемегдан и да го искористат убавиот и сончев ден. Пејачката им покажа на своите следбеници на Инстаграм како уживаат заедно додека сончевите зраци ги галат на тврдината.

Погледот од тврдината беше неверојатен со сите тие бои, и сите кои ги сретнаа гледале во нив, пишува Курир.рс Комплиментите на следбениците само доаѓаа, на сметка на убавината и Брена и Александра. Со нив на прошетка беше и малиот Александар.

Да потсетиме, Лепа Брена наводно купила стан во изградба во највисоката кула во Нов Белград, кој ќе биде подготвен наскоро. Како што завршуваат работите околу станот, така и посебните услови кои им ги постави Брена на инвеститорите, внимателно се извршуваат.

Фото: Инстгарм Александра Пријовиќ, Лепа Брена, Јутјуб принскрин

Претходна статијаЕлена Велевска: Ќе бев поуспешна да не се омажев – но сега го имам најважното во животот
Следна статијаЧетири згодни бугарки ја свират „Јовано Јованке“- Александар и Дац низ песна го решаваат спорот со соседите