Тажната судбина на Лепа Лукиќ: За една работа никогаш не си прости

0

Поранешната југословенска дива на народна музика Лепа Лукиќ неодамна го прослави својот 81 роденден.

Кога новинарите од expresstabloid.ba ѝ се јавиле да ѝ честитаат и да ѝ направат интервју со неа по тој повод, Лепа отворено им рекла дека ако тоа е причината за интервју – тогаш не требало да се јавуваат.

-Какви родендени на моја возраст. Не го славам повеќе, не ми е гајле, не ги бројам годините. Еве, јас сум во мојот стан, мијам садови, ги средувам работите малку. Не сум дете, па затоа зборувам за роденден. Тоа навистина не ме интересира“, изјавила Лепа.

Познатата пејачка помина долг и трнлив пат до славата што ја има денес.

Дојде во Белград од село, боса и без пари, но со голема амбиција и храброст беше гладна за успех, што на крајот успеа да го постигне.

Сега, кога зад себе има восхитувачка кариера, Лепа се сети на нејзината неисполнета желба, за која долго жалеше, но сега се помири со тажната судбина.

Иако сè уште беше девојче, Лепа решително чекореше по патот на успехот. Таа својата кариера ја градеше исклучиво врз основа на неверојатен талент, без никакви скандали.

Својот приватен живот го чуваше далеку од љубопитните очи на јавноста, сепак, по 55 години, од неубавиот настан, Лепа Лукиќ реши да ја открие вистината за она за кое се кае и денес.

– Тоа беше пред повеќе од 55 години. Тоа беше рана бременост, детето практично не беше зачнато кога решив дека сум млада за да го родам. Многумина го прават тоа, потоа имаат пет или шест деца”, открила Лепа не знаејќи каква судбина ја чека.

Не знам и никогаш нема да знам дали таа случка влијаеше никогаш поовеќе да немам деца. Никој не ми даде одговор на тоа прашање“, се присети Лепа Лукиќ, како што објави Блиц.

После тоа, таа стори сé за да може да се слушне детско смеење во нејзиниот дом, но без успех.

“Подоцна, имав неколку лекарски интервенции, но никогаш не успеав да останам бремена. Се обидов на неколку начина, со помош на најсовремена медцина, но сега веќе ништо не е важно, бидејќи немам деца. Тоа е судбината, се помирив со неа “, заклучи Лепа Лукиќ.

Фото: Инстгарм принсткрин

Претходна статијаГрција не се откажува од намерата – преговара со 10 земји околу сертификатот за имунизација
Следна статијаЕлена Велевска: Ќе бев поуспешна да не се омажев – но сега го имам најважното во животот