Четири згодни бугарки ја свират „Јовано Јованке“- Александар и Дац низ песна го решаваат спорот со соседите

0

Дуото Александар Митевски и Драга Спасов- Дац во една прилика изјавија дека дружбата, истите ставови кон нештата, но и различностите во сфаќањата на музиката биле пресудни да станат музички дует.

„Јас од гледна точка на актер а Александар на музичар“, рече Дац за публицитет.мк. Спонтаноста. Некогаш најубавите работи излегуваат од она што не го планираш.

После една заедничка свирка, веќе се исцрта таа наша музичка патека по која ќе одиме. Дац го дава оној актерски, поетски , кабаретски шмек во нашите настапи а јас се грижам секоја нумера да ни е автентична и хитовска.

Мислам дека се појавуваме во вистинско време и носиме вистински пораки во контекстот во кој живееме“, додаде Александар Митевски во истото интервју.

– Жените одсекогаш биле поотворени кон сфаќањето и искажувањето на љубовта, па оттаму и примањето на нејзините пораки. Мажите се малку потврди но, се повеќе знаат да искажат и да примат љубов. Така што, проценти ќе бидат во прашање, кој повеќе ќе не слуша а, жените, се разбира секогаш имаат предност“, изјави Дац за јивните љубовни песни.

Александар пак рече: „Ние како со некој коректор сакаме да ги покриеме неубавите работи од секојдневието и да потсетиме на некои заборавени вредности. Преку нашата музика и текстови ги враќаме работите на вистинското место. На луѓето им се допаѓа тоа што носиме носталгија, убави спомени, кажуваме убави стихови, шириме позитива, љубов, пријателство и среќа“.

Прво се појавија на „Охрид фест“, па на „Макфест“ со „Уште ми фалиш“, која стана голем хит кај народот, и нивната приказна продолжи со многу свирки, песни и концерт летово во Охрид.

Но, пред тоа, тие птрепејаа многу познати песни од Македонија и од поранешна Југославија и додека траеше полицискиот час, ги пуштаа на Фесјбук секој ден во исто време.

– Прво направивме настап во живо кој го нарековме “Седенка”, заедно со Бојана Скендеровски која траеше 180 минути, потоа почнаа да се редат песните што ги снимавме секој ден, а помеѓу песните направивме и една музичка онлајн емисија за нас и нашите песни која траеше околу час и половина. Се на сè, поминавме карантински 54 денови и исто толку песни“, рече Митевски за Женски магазин.

Потоа дојде и легендарната „Кор она чао’, која ја пееше и Бојко Борисов, а ги направи и популарни во Бугарија. Дац во тоа време му напиша и писмо на Борисов.

– Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач. Господине Борисов, кај нас првиот комшија е како роднина. Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто.

Дали ти требало шеќер, брашно, леб, клешта, помош да се пренесе нешто… тука е првиот комшија. Ако не си во добри односи со првиот комшија, ќе треба за едно штрафче да одиш спрат подолу или погоре, но тој не ти е прв комшија, затоа што веќе си има свој прв комшија, наведува Дац во објавата меѓудругото. На ова тој доби и одговор од Борисов:

Како пријатели треба да бидеме искрени едни со други. Така ќе одиме напред. Ако се инаетиме, проблемите ќе останат. Решението е дијалог, солидарност, разбирање. За едно подобро утре!

Ние сме подготвени да помогнеме. Истото сакаме да го видиме и кај нашите соседи и пријатели, рече бугарскиот премиер.

Дац и Александар смислија интересен проект кој се вика „Љубоевн пасош“ и најновото од нивната музичка работилница е обработката на „Јовано јованке“ и тоа како соработка со четири згодни бугарки „Дестини квартет“.

Слушнете ја безвременската “Јовано, Јованке” создадена на релација Скопје – Рим – Софија , со многу љубов! Да! За љубовта – да шириме позитивна енергија!

Да! За уметноста – да создаваме нешта кои ќе се паметат! Да! За “Љубовниот пасош” – за кој не постојат граници! Destiny Quartet, Александар и Дац Споделувајте ја љубовта“, напишаа Дац и Александар на нивната Фејсбук страница.

Фото: Фејсбук страница на Дац и Александар, Инстрам страница на Destiny Quartet, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаБрена со снаата на прошетка на Калемегдан, цел Белград гледаше во нив (ФОТО)
Следна статијаИскрена докрај: Не драга моја, не си ти храбра, ти си паметна зошто богато си се омажила