Омилениот лик од Македонски народни приказни сподели радосна вест: Денес е голем ден

0

Лазар Бараков е една од првите асоцијации кои ни паѓаат на ум кога ќе се спомнат македонските народни приказни.

Тоа е човекот кој благодарение на своите натпросечните актерски способности остави траен белег во најголемиот актерски проект во земјава, човекот кој до крај останува доследен на своите принципи и идеали, човек со напредна визија кој активно продолжува да твори дури и во седмата деценија од животот.

Актерот Лазар Бараков стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Погрешно време“ .

Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:

„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.

Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.

Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него.

Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.

Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави, каде и да се појави.

Па така на неодамна одржаната кавадарчечка вечер во Скопје, Лазар се појави во друштво на ќерката Викторија.

Животното сценарио на Бараков во реалноста има сосема поинаква приказна од онаа по која се трасираше неговата кариера.Со три прекрасни деца, Бараков навистина е богат човек!

Актерот Лазар Бараков стана дедо. Тој на социјалните мрежи откри дека добил внук.

„Убав е овој свет, денес станав вистински дедо. Има ли поголема радост и божја милост да го доживее секој човек овој чин. Денес е голем ден, ни се роди првото внуче Стефан“, напиша тој.

Бараков во јавноста е најпознат по улогите во „Македонски народни приказни“.

Претходна статијаТања Царовска: Вчера и пишав и на мојата братучетка, Мила Царовска, прв пат во живот и се обратив за помош
Следна статијаГерманија со најава за отворање на границите – познато кога ќе може да се патува таму