Германија со најава за отворање на границите – познато кога ќе може да се патува таму

0

Германската канцеларка денеска во Бундестагот предупреди дека со пребрзи и далекусежни укинувања на рестрикциите не смее да се стави на коцка постигнатото во сузбивањето на пандемијата на коронавирусот.

Канцеларката Ангела Меркел гледа и натаму опасност од пандемијата, но и значителни постигнати успеси во борбата против коронавирусот. Уште долго ќе мора да живееме со пандемијата, уште не постои ниту лек, ни вакцина против вирусот. Но, постигнати се резултати кои влеваат храброст, сметам за наша обврска да не го загрозиме постигнатото:

„Би било депримирачки ако ние, од причина што сакаме многу за многу брзо време, би морале да се вратиме кон ограничувањата кои сите сакаме да ги оставиме зад себе”, изјави Меркел денеска во Бундестагот, каде одговараше на прашања на пратениците, шести пат откако е на функцијата и првпат во текот на корона-кризата.

Германија има намера да ги отвори границите кон соседите во јуни, произлегува од телефонскиот разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц.

Кабинетот на канцеларот Курц потврди за АПА дека официјални лица разговарале, но несоопшти детали.

Германија се подготвува за релаксација на мерките на границите, а канцеларката Меркел им претстави „двостепен план“ на своите партиски колеги во Бундестагот.

Од денеска се отвора германско-австриска граница за жителите на пограничниот регион, како и за оние кои работат преку граница, откако беше постигнат договор за отворање на неколку помали премини.

Меркел рече дека не сака граничните контроли и рестриктивниот режим да продолжат на неодредено време. Според неа, владата ќе разгледа понатамошни чекори кон отворање на границите

Според „Билд“, отворањето на границите ќе се одвива постепено, а граничните контроли ќе се вршат на случаен примерок.

Од 15 јуни, границите би можеле во целост да бидат отворени.

Претходна статијаОмилениот лик од Македонски народни приказни сподели радосна вест: Денес е голем ден
Следна статијаМаја од Куманово моли за помош: При секое одење во полиција не пречекуваат со „пак ли ти“, „пак ли вие“