Тања Царовска: Вчера и пишав и на мојата братучетка, Мила Царовска, прв пат во живот и се обратив за помош

0

Статус на Тања Царовска:

Update на информација – технички проблем, имејлот залутал во junk folder. Благодарам на штабот за одговорот и излегувањето во пресрет. За жал, не можам да доставам документација затоа што во Англија е сосема недозволено да се посети доктор па лекувањето беше исклучиво дома.

Се надевам дека ќе ни биде дозволено да се самоизолираме веднаш а во наредните денови ќе се обидам да доставам документација и од Англија и од Македонија.

Денес се вративме во Македонија. Во Англија јадевме надвор прв пат по 2 месеци зашто не можев да издржам веќе. И така, мојата ќерка се затру со храна од локално место за јадење, поради храна што не беше свежа, а веќе подолго време проблем со синдром на раздразливи црева. Се затрув и јас но фала на Бога, не до толку многу, па можев да се грижам за неа.

72 часа беше многу болна и дехидрирана, едвај ја повратив од таа хорор состојба. Откажавме едно патување, па презакажавме. Беше малку подобра и синоќа решивме да тргнеме зашто психички не се издржуваше сами во стан во кој немаме ниту балкон, далеку од сите блиски.

Се обратив до извори кои наводно имаат контакт со кризен штаб и ми најавија дека малолетни деца законски не одат во карантин туку во самоизолација. Ми дадоа имејл на кој треба да пишам и да се најавам.

Им објаснив се во имејлот кој го пратив до кризен штаб – дека ќерка ми мора да биде на домашна нега и домашна исхрана зашто се што ќе касне надвор е ризично. Не смее да јаде месо, млечни производи, глутен и јајца. Не смее ни салати припремени во јавни установи.

Не добив никаков одговор. Денес пишав пак, кажувајќи дека е ургентно. Пак ништо.

Имаме празен стан во Скопје, сосема празен, само јас и ќерка ми живееме во него. Мајка ми живее на пет минути и можат да ни доставуваат домашна храна и да ни пазарат. Ги имаме сите услови! Плус – малолетни деца не одат во карантин! Таа информација ја добив и само затоа се нафатив да дојдеме!

Ќерка ми исто носи метални протези кои веќе 3 месеци не може да ги извади заради што бевме спречени да дојдеме, па и се прават рани и инфекции во устата и е во постојани болки. Протезите мора да и се извадат веднаш. Инаку, сосема сме здрави во секој друг аспект. Немаме никакви вируси ниту настинки!!

Од јадењето по пат (приморани бевме да купиме фалафел во Софија) пак ја заболе стомак. Сега и се лоши. Како тоа детенце со хронични стомачни тегоби (со години) да јаде нечија храна три недели во карантин? Јас како мајка и ја контролирам храната максимално за да ја регулираме нејзината состојба и така е здрава!

Би сакала јавно да ги запрашам кризен штаб – зошто не ми вратија ништо? Па дури и негативен одговор? Дали можеби моето име намерно го игнорираа? Зашто инаку не сфаќам зошто. Нема ни едно друго дете во групава, еве влегуваме во автобус и не носат некаде а не знаеме ни каде. Ми кажуваат дека без потврда од кризен штаб не можат да сторат ништо, немаат дозвола.

Вчера и пишав и на мојата братучетка, Мила Царовска, прв пат во живот и се обратив за помош. Не за протекции и врски. Сакав само да посочам да ми се разгледа и одговори на барањето на опширниот имејл, се работи за здравјето на моето дете!

Не добив одговор. Сигурно е многу зафатена со поважни работи.

Денес слетавме во Софија и со влечење се префрливме преку граница, сосема сами со 5 куфери. По 6 месеци во Англија, решивме дека сепак сакаме да живееме во Македонија зашто е дома.

Е па, добредојдовме дома. Ви благодарам на грижата.

P.S. Колку за инфо, никој овде во групава (полн автобус) нема симптоми на корона.

Претходна статија(ВИДЕО) Бурна ноќ – полицијата приведе седуммина свештеници поради кршење на мерките во Црна Гора
Следна статијаОмилениот лик од Македонски народни приказни сподели радосна вест: Денес е голем ден