„8-9 саати одиш по куќи и станови облечен ко космонаут, како во финска сауна се потиш и наеднаш – Струга“

0

По масовниот собир вчера во Струга и по одлуката на ИВЗ да се отворат џамиите на 12 мај, Филипче утринава разговарал со поглаварите на ИВЗ и МПЦ и побарал да се придружуваат до мерките за заштита од коронавирусот и да не се организираат верски собири.

Нема да има посебни мерки за Струга по вчерашниот масовен собир при Литија за верскиот празник „Св. Ѓорѓија“ кога илјадници граѓани излегоа на улиците, не држеа дистанца и не носеа маски. Вака одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали во овој град ќе има посебни мерки, особено што од тој регион имаше најмногу заболени со КОВИД-19, што преставуваше закана од пошироки размери.

„За Струга посебни мерки нема да има , дури ако трендот со нови заболени продолжи како и досега(исклучок е вчерашниот ден) ќе има олабавување на мерките и во овој регион. Но, ваков настан, ваков масовен собир кога и да се случи преставува сериозен ризик, вирусот може да се прошири и да не врати назад“, изјави министерот Филипче.

Денис Јанкуловски, вработен во Центарот за јавно здравје Скопје кој периодов неуморно се бори со Корона вирусот, не можеше, а да не ги искоментира последните случувања во струга

8-9 саати одиш по куќи и станови облечен ко космонаут, дишеш ко Дарт Вејдер, скоро цел ден со маска и ракавици, како во финска сауна се потиш заради материјалот од кој е направен скафандерот.

Качувај се неброено пати во денот до 5-6 кат па и поткровје пошто нема лифт во зградата или не работи, излези – влези од колата по стопати во денот, доаѓаш дома, миење раце, дезинфекција, туширања, капнат од умор си легнуваш во 9.

Се грижиш за здравјето на тие кај што одиш, се грижиш и за своето затоа што знаеш дека од твоето зависи и здравјето на тие со кои живееш но и твоите комшии, се бориш максимално за што побрзо да ја избркаме коронава и веруваш дека набрзо ќе се случи и тоа.

И наеднаш – Струга. И веднаш знаеш дека уште ќе се бориш со несовесноста, себичноста, безобразноста и безумието. Туго……

Претходна статијаЧулев сподели нов важен момент за вчерашниот настан во Струга: Полицајци биле спречени да се вклучат во поворката
Следна статијаНема патување во ЕУ земјите од Шенген уште нови 30 дена – еве до кога ќе важи забраната