Чулев сподели нов важен момент за вчерашниот настан во Струга: Полицајци биле спречени да се вклучат во поворката

0

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга, како и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил соопшти дека од страна на Министерството за внатрешни работи, во врска со настанот во Струга, најпрво превентивно е делувано со цел спречување на групирање на граѓаните.

Неопходно е граѓаните да ги почитуваат мерките со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот. Социјалната дистанца, употребата на заштитна опрема и почитувањето на одлуките за групирање се неопходни со цел спречување на понатамошно ширење на пандемијата предизвиката од Covid19.

Во таа насока ја информирам јавноста дека во случајот со Струга од страна на Министерството за внатрешни работи, најпрво превентивно е делувано со цел спречување на групирање на граѓаните.

Иако, имало обид на полициските службеници да се спречи нивно ефективно вклучување во поворката при што наишле на однесување кое не било возможно целосно да се спречи со поригорозна полициска интервенција поради можноста од пожестока реакција на верниците и ескалација на ситуацијата.

ОВР Струга, натамошните мерки за целосна реализација на случајот ги води во координација со надлежното ОЈО.

Дополнително, од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени активности со цел утврдување на евентуално пречекорување на полициските овластувања од страна на полициските службеници кои го обезбедувале конкретниот настанот.

Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе ги преземе сите мерки со цел зачувување на здравјето на граѓаните.

Претходна статијаМицкоски до Заев: А сега што правиме со трас-трас одлуките, д’гау времето доаѓа!?
Следна статија„8-9 саати одиш по куќи и станови облечен ко космонаут, како во финска сауна се потиш и наеднаш – Струга“