Русија и испрати на Италија експерти и медицински средства, како помош во борбата против новиот коронавирус.
Девет руски авионите Илјушин слетаа во база што се наоѓа на 30 километри од Рим.
Рускиот претседател Владимир Путин во саботата во телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Москва е подготвена да и пружи брза помош на Италија.
Руското Министерство за одбрана наведе дека мисијата се состои од осум мобилни тимови со околу 100 вирусолози и инфектолози, кои и претходно учествуваа во борбата против епидемијата на свински грип и антракс, како и во развојот на вакцина против ебола и чума.
Рускиот претседател и италијанскиот премиер се договорија за „цврста соработка во сузбивањето на коронавирусот“, порачаа од Кремљ.