Расте бројката: Филипче објави колку нови случаи на Корона има во Македонија

0

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент заболен од коронавирус.

Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопштија од Министерството за здравство.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал, велат од Министерството.

Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Ова е втора жртва на ковид-19 кај нас, откако на 21 март почина 57-годишна жена од Куманово. Кај неа постхумно било констатирано дека имала коронавирус, откако претходните два теста биле негативи.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

Претходна статија(ВИДЕО) Кога ЕУ не помага, по Кина и Куба, во Италија пристигна голема помош и од Русија
Следна статијаПолицијата изминатата ноќ апсеше: Во Кочани најмногу непослушни