Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговиот тим го фатија последниот лет за Европа, од Америка.
Новак пред две недели беше во Америка, каде требаше да учествува на првиот Мастерс на сезоната во Индијан Велс, кој беше откажан поради епидемијата на коронавирус.
„Имавме среќа да се вратиме со еден од нашите последни летови. Лудост, нели?“, Напиша Јанко Типсаревиќ со фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.
Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Филип Краиновиќ што требаа да учествуваат во мастерс во Индијан Велс, имаа среќа да го фатат еден од последните летови на САД кон Европа по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги прекине сите летови кон Европа поради пандемијата на вирусот covid19.
Типсаревиќ објави симпатична фотографија од авионот. Новак има телефон во рака, Јанко со чаша вино, а членовите на стручниот штаб носат маски на лицето.
Одлуката на АТП го суспендираше тенисот за следните шест недели, до 20 април.