Спуштена рампа: Странски граѓани вратени од границата – не може да влезат во Македонија

0

Полициските службеници се заштитени со маски и ракавици, а постојат и соби за изолација на ризични пациенти. Низ овој премин поминуваат доста патници кои доаѓаат од Италија

Со заштитни маски и ракавици се штитат полициските и царински службеници на граничниот премин Ќафасан кај Струга од новиот Корона вирус. Се вршат и засилени гранични проверки на влез во државата и скенирање на патниците особено на оние кои доаѓаат од ризични подрачја. Преку разговор добиваат информација од каде доаѓаат дали, имаат постојан или привремен престој или патувале туристички.

Во обид да влезат во нашата земја двајца шпански државјани, еден јужно кореец, еден бразилец и тројца албански државјани со минибус од Албанија допатуваа на граничниот премин Ќафасан.

Меѓу нив, имаше и две македонки кои во соседната земја тргнале на семинар кој во меѓувреме се откажал и морале да се вратат дома. Но во консултација со Центарот за јавно здравје и решение на надлежните инспектори од одделот за гранични работи во Скопје,на патниците од странство им беше забранет влез во Македонија.

„Одлучено е истите со одбиен влез на странец да се вратат поради загрозување на јавното здравје. На нашите државјани им е поделен флаер и дадена им е препорака да останат во следните 14 дена во домашна изолација и доколку имаат било какви респираторни проблеми или повишена температура да го контактираат локалното центар за Јавно здравје каде ќе им се дадат насоки што понатака“ – рече Златко Крушароски, командир Граничен премин Ќафасан, за Алфа ТВ.

Граничните полицајци остварија контакт со патниците, се задржаа на странците испрашувајќи ги од каде доаѓаат, каде тргнале и дали чувствуваат некакви здравствени симптоми.

„Патувам од ноември месец лани. Најпрвин бев во Сантјаго Чиле, потоа во јануари бев во Париз,во фебруари три недели бев во Хрватска од тука во Босна и Хецеговина и Албанија. Од таму со минибусот тргнав за Македонија, крајна дестинација ми е Охрид од каде ќе заминам за Лондон. Долго патувам, но немам никакви сиптоми“ – вели турист од Јужна Кореја.

„Јас изминатиов период патувам низ повеќе европски држави.Бев во Грција една недела ,потоа бев Бугарија, Турција и последно дојдов во Албанија од каде тргнав за Македонија.Сакав да прошетам бидејќи немам никакви здравствени проблеми“ – вели турист од Бразил.

Претходна статијаЃоковиќ успеа да се качи на последниот лет од Америка – другар му Јанко објави ФОТО од авион
Следна статијаВечерва агенција одбива да ги врати парите на патниците и ги убедува да тргнат на пат преку границите