(ФОТО) Цеца и ќерката Анастасија во Скопје, но по пат ги снајде нешто неочекувано

0

Младата Анастасија Ражнатовиќ, која е ќерка на балканската фолк-дива Цеца, својот албум го снима во Скопје, во продукцијата на Дарко Димитров.

На Инстаграм, таа и мајка ѝ објавија дека се во Скопје, но не останаа долго, бидејќи само се договарале за одредени детали и за тоа како да се забрза процесот на снимање на првенецот на надежната пејачка.

Но, на пат кон дома, во Србија, ги снашла вистинска неволја. Имено, завеало снег, на што ниту Цеца ниту Анастасија не биле подготвени, со оглед на тоа што денот беше убав и сончев.

Цеца не ја остава Анастасија сама и инсистира да биде дел од целиот проект, сакајќи нејзината ќерка да добие најдобар можен производ кој ќе наиде на одличен прием кај јавноста.

Анастасија во едно интервју изјави дека не и се брза, сака се’ да биде вистински избрано и направено. Веројатно тоа е причината поради која што албумот се уште не е спремен за јавноста.

Цеца и Анастасија вчера допатуваа во нашето Скопје и работеа заедно со Димитров, а од студиото објавија и неколку куси видеа на социјалните мрежи.

Според објавените видеа можеме да забележиме дека тие две останале кратко во нашата држава. На пат кон Македонија уживаа во сончевиот ден, а ноќта на пат кон дома беа како во друга временска зона.

Претходна статијаГо гледам пријателот како со години си ја мами женичката, а таа прекрасна – сакам да е моја
Следна статијаАвионските билети се намалуваат нагло – чинат колку едно кафе