Авионските билети се намалуваат нагло – чинат колку едно кафе

0

Деновиве авионски билети се продаваат по цена колку едно кафе. Кинеските авиокомпании нудат авионски билети за четири долари.

Во просек дневно во февруари во Кина се откажуваат по околу 10.000 домашни летови. Ова се случува поради епидемијата на новиот коронавирус.

За дестинации оддалечени по 1.500 километри билетите чинат 20 американски долари, а ниско-тарифните компании нудат и за помалку од четири американски долари.

Странските агенции како за споредба пишуваат дека едно кафе во „Старбакс”, се продава за четири и пол американски долари. Koрона вирусот во Кина се појави лани, а оваа година се прошири во 33 други земји.

Коронавирусот ги натера голем дел од туристичките агенции да ги откажат планираните патувања за 8 Март, откако Италија стана новото жариште на болеста. Откажувања има и од самите патници.

„Фалкон травел“ ги извести своите патници дека ги откажува сите патувања за 8 Март од безбедносни причини. Парите уплатени за патувањето ќе им бидат вратени на граѓаните или ќе може да ги искористат за некое друго патување во друг термин.

– Ве известуваме дека сите патувања за 8 Март поради коронавирусот (ковид-19) во Италија ќе бидат откажани од наша страна, поради безбедноста на нашите патници, која секогаш ни е на прво место. Големиот број патници кои имаа уплатено за овие дестинации можат да ги добијат во целост сите уплатени средства или, пак, да се префрлат на некое друго патување за друг термин, пишува во известувањето од „Фалкон травел“.

И од „Нехар травел“ ги откажаа планираните патувања за 8 Март од морален и безбедносен аспект.

– Будно ја следиме ситуацијата со ширењето на коронавирусот (ковид-19) во Италија. Од морален аспект, но и поради загриженост и општа безбедност одлучивме да ги откажеме патувањата за 8 Март во Италија. Безбедноста и здравјето на нашите патници и сограѓани ни е на прво место. Воедно сакаме да ве информираме дека сите кои имаат уплатено аранжман за 8 Март во Италија може да се префрлат на некоја од останатите тури или во спротивно средствата во целост ќе бидат вратени, пишува во известувањето на „Нехар травел“ на фејсбук-страницата.

Претходна статија(ФОТО) Цеца и ќерката Анастасија во Скопје, но по пат ги снајде нешто неочекувано
Следна статијаЉубица, сопругата на Кире Лазаров откри како се запознале и зборуваше за нивниот живот