Го гледам пријателот како со години си ја мами женичката, а таа прекрасна – сакам да е моја

0

Со пријателот сме другари од деца и не само тоа, ме покани да му бидам кум на свадбата. Си беше среќлија човекот отсекогаш. Ја ќари најдобрата женска во маало, а таа се вљуби во него до уши. И така, се зедоа, а јас им бев кум. За жал немаат дечиња, еве деветта година како изминува.

Што се случува меѓу нивните четири ѕида само тие си знаат, но ние од страна што гледавме знаеме дека девојката си настрада со другар ми.

Тој уште додека беа во врска ја мамеше со други девојки и сите мислевме дека откако ќе се ожени дека ќе се смири.

Ама не, тој си продолжи по старо. Ја мами со која ќе стигне. Дома се прибира само за спиење, сака со мене да излегува зошто јас уште сум беќар. Ја немав среќата како него да си најдам убава и добра жена.

Не е дека сум немал девојки, сум имал и имам и тоа многу. Ама ниедна не ми фатила око. Или е убава ама глупава, или е недомаќинка, или е лесна женска… знаете, на овие години тешко човек се одлучува и само маните ги гледа.

Мислам дека веќе сум навикнат и на самечки живот и кога би се одлучил, тоа би требало да биде жена, токму како жената на мојот кумашин.

Тој не знае да цени што има дома. Таа ем е чесна, ем е вредна, ем е убава, ем е паметна. А кон нејзе се однесува сурово и честопати пред нас ја навредувал и ја понижувал.

Таа неколкупати сакаше да го остави, ама тој секогаш го употребуваше својот шарм, ќе и поплачеше, ќе и симнеше неколку ѕвезди, ќе и ветеше дека последен пат му била грешката и дека немало никогаш да ја повтори, дека ќе се промени…а таа ќе попуштете пред неговите лаги. Ќе се смиреа, кратко време ќе беа во добри односи, а потоа пак по старо.

И така времето си врвеше, поминаа девет години. Овојпат изгледа таа многу му се налутила, зошто од кафана стана и рече:

”Кој ќе плаче сега пак, мојана пак нешто ми мрчи!”

Јас со текот на времето станав многу близок пријател со неа и да бидам искрен, се вљубив во неа.

Вчера вечерта ми ѕвонеше на врата со еден мал куфер, ми вели, не можела веќе да издржи, не сакала дома да преспие, а утрината ќе си фатила автобусот и ќе си одела кај незјините.

Конечно, си помислив, ќе ја остави будалата после толку многу време. Ама се изненадив што не заминала кај некоја нејзина пријателка, туку дојде кај мене.

Ми побара нешто за пиење, пиеше и плачење цело време. Мислам дека испи скоро цела голема чаша и после цврсто заспа.

Сабајлето рано ја однесов на автобуска. Ја гушнав силно и ја стиснав убаво за да ја почувствувам. Сакав и да ја бакнам, ама ми беше страв како ќе реагира.

Мислам дека штом дојде кај мене, сепак има надеж да почне да ме гледа со други очи. Ја чекав толку години да прогледа, па ќе ја почекам уште малку ако треба. Сега барем има надеж.

Малку ми е страв како ќе излезе работата со кумашинов, ќе мора да го расипеме пријателството. Ама не можам да си замислам да живеам без неа, се вљубив преку уши, па мислам дека ќе ризикувам. Посакајте ми среќа.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаПолека бе луѓе на што личи ова – Скопјанец до Галама испрати фотографии од познат маркет
Следна статија(ФОТО) Цеца и ќерката Анастасија во Скопје, но по пат ги снајде нешто неочекувано