Да не те проколне родител, но само и ако ти е налутен – тешко тебе

0

Клетвата, па дури само и негодувањето на родителите е многу моќно. Родителите и да не ги проколнуваат своите деца, самата огорченост на нив доволна е за децата „да не видат бел ден”, нивниот живот ќе биде само мака. Таквите деца многу страдаат во овој живот.

Се разбира, во другиот живот добиваат олеснување затоа што овде веќе нешто отплаќаат. Се случува она што го вели ава Исаак: Го јадат пеколот, односно – трпејќи маки во овој живот, го смалуваат пеколот. Зашто маката во овој живот- „го јаде пеколот”. Односно, кога делуваат духовните закони, се одзема малку од пеколот, од маките.

Но, и родителите кои ги праќаат своите деца „до ѓаволот” /односно, “по ѓаволите”/, им ги ветуваат на ѓаволот, па после ѓаволот има право на нив. Ќе рече: „Па, сам ми ги вети”.

Во Фараси имало еден брачен пар. Имале мало дете кое често плачело и таткото постојано го праќал „по ѓаволите”. И еве што се случило. Бог така допуштил, што кога тој го испраќал „по ѓаволите”, – детето исчезнувало од колепката. Кутрата мајка потоа одела кај Хаџиефендијата.

– Хаџиефендија, твоите молитви нека бидат со мене, детето ми го зедоа демоните. Хаџиефендијата одел, читал молитва покрај колепката и детето се враќало. Ова постојано се повторувало. Кутрата жена велела:

– Хаџиефендија, твоите молитви нека бидат со мене, до кога вака?

– Јас не се уморувам доаѓајќи, а ти се уморуваш ли доаѓајќи да ме повикаш? На ѓаволот ќе му здодее и ќе го остави детето.

Оттогаш детето повеќе не исчезнувало. Кога пораснало, детето го викале “ѓа волски род”. Го вознемирувал целото село; на никого не му давал мир. Што се’ трпеше мојот татко поради него. Одел кај некој човек и му велел: „Оној рече така и така за тебе”. Потоа одел кај другиот, говорејќи му го истото.

Потоа овие двајца ке се раскарале, а потоа и ќе се истепале. Кога ќе го сфателе тоа, оделе да го фатат клеветникот за да се расправаат со него. Но, тој вешто ќе ги прелажел и надитрел, така што тие дури и барале прошка од него!

До толку што бил ѓав олест! Ѓав олски род! Бог така устроил за луѓето да се вразумат, гледајќи го сето тоа за да бидат поразумни и повнимателни. Друга работа е тоа како Бог ќе му суди на овој човек. Се разбира, ќе има многу олеснителни околности.

Најголемо богатство на светот е родителскиот благослов, исто како што во монаштвото најголем благослов е да имаш благослов од својот Старец. Затоа и велат: „Барај благослов од родителите”. Се сеќавам, една мајка имаше четири деца и кутрата, плачеше. Ми велеше:

– Ке ум рам тажна, ниту едно од децата не се ожени. Моли се.

Страдав заедно со оваа вдовица, и со тие сирачиња. Се молам, се молам – и ништо. Си велам: „Овде нешто се случува”.

– Фрлија магија на нас – велеа децата.

– Не е магија, ако е од магија ќе се видеше. Да не ве колнела, можеби, мајка ви? – ги прашав.

-Да, оче – ми рекоа. Нашата мајка, бидејќи бевме многу немирни и темпераментни како деца, постојано ни велеше, од утро до вечер: „Да останете како трупови, да останете како трупови”.

– Одете да ја растресете малку својата мајка – им реков – и речете и да се покае, да се исповеда и отсега натака секогаш да ви дава само благослови.

За година и пол се ожениле сите четири деца. Оваа кутра жена била вдовица, изгледа и малодушна, а децата биле немирни, ги преминувале сите граници и таа ги колнела. Ако родителите ги колнат децата и потоа ум рат, како ќе се ослободат децата од проклетството?

Ако децата ја бараат вината во себе, ќе видат дека, ако ги колнеле, биле непослушни и дека ги мачеле своите родители. Тогаш, ако ја почувствуваат својата вина, ако искрено се покајат и се исповедаат, ќе се средат. Ако децата, и покрај тоа, и духовно напредуваат, со тоа ќе им помогнат и на родителите.

Старче, и мене родителите ме колнеа кога отидов во манастир. Во тој случај, клетвите стануваат благослов.

Извадок од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаНајбогатиот – Бил Гејтс ја открива формулата како да се стане богат
Следна статијаСашо Тасевски до СДСМ: Рашела беше ваш министер и мораше да ја заштитите