За многу работи не се согласувам со Заев, но за една – капа доле друже

0

Овој мој коментар не сакам да биде сфатен како политички памфлет, ниту пак како реклама за еден производ, туку чисто како искрено искажан став од моето секојдневие.

На почетокот сакам да напоменам дека политиките кои ги води актуелниот премиер не ми се допаѓаат. Отсекогаш, моето срце чукало за десницата.

Многупати сум се разочарала и во ,,моите”, но за нив скоро секогаш имам оправдување, незнам зошто, ама тоа е така.

Капак на моите дилеми беше промената на името, иако разумот вели дека можеби со тоа се реши многудецениски спор, дека можеби ќе се евроинтегрираме, бидејќи нели, тоа беше условот…

Незнам, можеби по некоја година поинаку ќе размислувам, можеби не.

Но кога ќе дојде зима, за едно нешто му ,,симнувам капа” на семејството Заеви. А тоа е поради нивниот ајвар!

Нема да го напишам неговото име, за да не излезе реклама, иако верувам сите го знаат. И навистина на тој производ не му треба реклама, бидејќи неговиот вкус е самиот за себе реклама!

Ми текнува кога бев мала, сите братучеди се собиравме околу ќумбето на баба во село и можеше да почне најголемиот есенски настан, правење ајвар.

Вкусовите и моментите од детството, особено оние од кај баба и дедо не се забораваат. Помислата на нив, предизвикува емоции кај секого.

Епа вкусот на овој нивниот ајвар, ме враќа баш во детството и ми помага за момент да се вратам на мигот кога баба со кутлачата вадеше од шерпата уште врел ајвар и ни ставаше на лепчињата кои сабајлето ги измесила и испекла, а секако тука беше и неизбежното сиренце.

На ум ми доаѓа уште нешто. Изминативе години кој стигна од поблиските и подалечните соседи ни присвојува нешто што е наше.

Така беше со виното, така е и со ајварот. Бугарите, словенците, си го претставуваат како нивни производ. Но! Кога странец ќе го пробара Струмичкиот ајвар (бидејќи се продава насекаде низ светот) и кога ќе погледне на етикетата од каде доаѓа, за него нема да има дилема чиј бренд е ајварот.

П.П. 

Фото: Илустрација

Претходна статијаКарлеуша открива нови моменти од приватниот живот: Јас сум таа што простува во нашиот брак
Следна статијаРужица, поранешната жена на Перо Антиќ проговори пак за него и откри кога го засакала