Дамата родена во овој знак е сон на секој маж, но една работа никогаш нема да ви ја прости

0

Великодушна, храбра, сензуална, упорна, љубезна, верна, поштена, темпераментна, горда, полна со ентузијазам – тоа е жена родена во знакот Лав. Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на вселената, па така и Лавицата сака да биде во центарот на внимание. Таа има авантуристички и силен дух, а благодарение на нејзината интелигенција, креативност и амбициозност таа секогаш ги остварува своите цели.

Кога станува збор за жената Лав, важи правилото – се или ништо. Овој интензитет и страста, која се манифестира во секој аспект од нејзиниот живот, има најголем фокус на нејзиниот љубовен живот.

Жената Лав лесно се одвојува од толпата – таа е онаа со најгласната и најсјајната насмевка и со најголема самодоверба од сите останати.

Со неа владее Сонцето, центарот на универзумот, па овој хороскопски знак го обожава вниманието и обично го добива. Таа е страстна, разиграна и многу жива. Одвреме навреме, жената Лав може да ги покаже канџите доколку го преминете нејзиниот праг на толеранција, па затоа, бидете внимателни со неа!

Кога е во добро расположение, неа најмногу ја смируваат комплименти и подароци. Лавицата е интелигентна, духовна, силна и креативна, поради што има толку многу жени од овој знак присутни во светот на уметноста и шоу – бизнисот.

На Лавицата и е потребен силен маж кој нема проблеми со самодоверба. Врската мора да биде динамична, полна со заеднички и забавни активности поради тоа што не поднесува монотонија. Сексот и доста важен и е најдобар начин партнерот да и покаже колку е посакувана За неа во сексот нема табуа, сака да проба се, а подеднакво и се важни и сопственото и задоволството на партнерот. Најдобри партнери за љубов и секс и се Близнаците, Стрелците, Вагите и Рибите.

Великодушната Лавица на своите пријатели им дава многу, но очекува да и се врати во иста мерка. Верна е и толерантна, а ќе ви прости се освен предавство. Изглед Шарлиз Терон е типичен претставничка на жените родени во овој знак. Коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, продорен поглед, широко чело и мали уши се физички карактеристики по кои Лавицата е препознатлива. Секогаш делува гордо и урамнотежено. Својот изглед сака да го украси со накит и други модни додатоци.

Нејзините бои се кралски: златна, портокалова и жолта. Сака фини материјали како што се свила и кашмир. Нејзините парфеми се силни, сладок мирис со ноти на кајсија и јасмин. Познати лавици Во овој знак се родени некои од најголемите диви од светот на музиката и филмот: Мадона, Џенифер Лопез, Хали Бери, Шарлиз Терон, Ким Катрал…

Сè што е опишано во книгите и филмовите за љубовта најмногу може да се доживее со една жена Лав. Ова значи возење по луда железница со екстремни издигнувања и длабоки падови. Таа ја поставува својата љубов во центарот на нејзиниот универзум, но исто така ќе бара тоа да и се возврати и нема да се задоволи со ништо помалку. Жената Лав лесно се заљубува, а кога е вљубена се посветува целосно.

Тоа не значи дека е лесна или дека ќе се задоволи со секого, но кога ќе го запознае вистинскиот, лесно се препушта на љубовните емоции. Таа е територијален љубовник, жените во овој знак се посесивни, па бидете внимателни на нејзините канџи.

Жената Лав, кога е во врска, е многу верна на нејзиниот партнер. Таа очекува нејзиниот партнер да биде подеднакво посветен, независен и силен поединец. Жената Лав не бара заштитник, туку партнер за ловење, ловец кој ќе патува низ урбаната џунгла со неа. За возврат, таа ќе биде лојална, дарежлива и топла.

Односот со жената Лав секогаш е забавен – таа мрази рутина и постојано ќе размислува за воведувањето промени и драма во вашиот заеднички живот. Да, ќе се чувствувате како да си играте со оган на моменти, но острата, малку опасна, „никогаш не знам на што сум“ – адреналинска инекција, штоја добивате од неа – вреди. Верувајте, со жената Лав никогаш нема да ви биде здодевно.

Лав жените се најкомпатибилни со знаците Близнаци, Стрелец и Вага.

Претходна статијаМногу тажна приказна – последната желба на оваа девојка расплака многумина
Следна статијаОвие хороскопски знаци во месец Април ги очекува големо изненадување