ОВЕН
Првиот ден од викендот ќе завршите некои домашни работи и ќе ставите точка на вашата грижа за домашните работи. Вториот ден ќе се чувствувате како да ви се отворила некоја одамна заклучена врата. Полни сте со енергија и единствено што ќе ви биде потребно е добра забава. Доколку патувате на годишен одмор, ѕвездите ви се наклонети и патувањето ќе ви биде пријатно и забавно. Ако сте сами, очекувајте да ви скокне популарноста кај спротивниот пол. Никој нема да може да му одолее на вашиот шарм.
БИК
Доколку планирате пат, најдобро е да го избегнете патот првиот ден од викендот и да патувате следниот ден. Не дозволувајте еден член од семејството да ве изнервира и да ви го расипе долго планираното задоволство. Заборавете на заостанатите работи и дозволете си уживање какво што само вие можете да си организирате. Ако сте слободни, можно е да стапите во разговор со една личност родена во земјен знак. Разговорот толку ќе ви биде пријатен што ќе посакате да ја сретнете повторно.
БЛИЗНАЦИ
Материјалната ситуација не ви дозволува некои посериозни планови за викендов, но вие сигурно нема да останете затворени дома и без комуникација со пријателите. Можно е и да добиете понуда за годишен одмор која ќе ви биде тешко да ја одбиете. Бидете претпазливи и добро размислете пред да донесете одлука што да правите. Ништо не е бесплатно и на крај се мора да се плати. Колку и да се однесувате несериозно, сепак сакате да најдете некој кој ќе ви биде близок и ќе ве разбере. Викендов е можна една таква средба.
РАК
Работата и грижата околу нејзината организација ви одзема многу време и енергија. Викендов ќе се обидете да се опуштите и да надоместите се она што сте го пропуштиле работејќи. Вториот ден од викендот е можно патување во друштво на некои пријатели, со кои освен приватно, се дружите и преку работата. Обидете се да ги заборавите сериозните муабети и плановите за соработка. Доколку сте слободни, можно е да излезете на тајна средба со личност со која комуницирате подолго време. Размислете дали ви се потребни тајни средби.
ЛАВ
Имате преземено премногу обврски и се однесувате како животот да ќе трае вечно. Плановите што ги правите се нереални и далеку над вашите можности. Време е да ја спуштите топката и да се однесувате посериозно кон себе и кон своето ментално здравје. Никому нема ништо да му докажете со тоа што ќе работите за двајца. Ако не сте во сериозна врска, крајот на една авантура може малку да ве вознемири и да ве натера да размислите како да постапувате во иднина. Не вознемирувајте се, вие имате доволно енергија да надминете се.
ДЕВИЦА
Плановите кои ги имавте околу работата успешно се реализирани и време е да си дозволите малку уживање. Потребен ви е вистински здрав одмор. Викендов може да посетите некоја бања или место каде што се служи здрава храна. Семејството може да се потсмева на она што вие го предлагате, но вам ви треба токму тоа за да ги наполните батериите. Доколку сте осамени, вториот ден од викендот, преку социјалните мрежи, може да влезете во комуникација со личност која ќе ги дели вашите интереси.
ВАГА
Изморени сте од ситуацијата на работното место. Игрите топло-ладно ве заморија и веќе ви е доста од се. Имате потреба да се одморите и со нови сили да тргнете напред. Енергијата што ви е потребна ја црпите од пријателите и нивните заложби во однос на вашиот проблем ве смируваат. Вториот ден од викендот ќе отидете во кафуле во кое никогаш порано не сте биле. Ќе бидете одушевени од сјајот и убавината на ентериерот. Доколку сте слободни, можно е пријателите да ве запознаат со една нова личност која ќе се однесува по малку арогантно.
СКОРПИЈА
Проблемите од изминатиот период длабоко ги потиснувате во себе и не дозволувате ништо да ви ги наруши плановите за иднина. Тоа особено ќе дојде до израз вториот ден од викендот кога ќе осетите голем наплив на енергија и ентузијазам.
Чувствувате дека лошиот период е зад вас и подготвени сте да тргнете напред. Доколку сте осамени, можно е да сретнете личност која потполно ќе загосподари со вашите мисли. Бидете внимателни. Поради таа заљубеност може да останете без една драга личност.
СТРЕЛЕЦ
Додека другите одмораат вие правите планови за следниот период. Викендов е можно да стапите во контакт со странски партнери и да направите договор за соработка. Вам тоа ви е многу важно и ќе ја насочите целата енергија за да успеете без разлика на приговорите на партнерот. Тој сака одмор и се обидува да ве наговори да отидете на заеднички викенд. Доколку сте слободни, можно е да ве заинтересира една една личност со која имате заедничка соработка. Треба да размислите колку е тоа добро за вас и за вашата работа.
ЈАРЕЦ
Окупирани сте со работата и тоа воопшто не е чудно кога се работи за вас. Меѓутоа, освен финансиите вам ви е потребно и напредување во кариерата, што никако не се случува. Викендов во еден телефонски разговор ќе ви биде ветено нешто, но додека не се оствари не надевајте се премногу. Семејството ќе настојува да ве однесе подалеку од градската врева, но за жал тоа нема да му успее. Доколку сте слободни, постојано и се враќате на старата љубов. Таквото размислување ви ја одзема енергијата и не ви дозволува да продолжите понатаму.
ВОДОЛИЈА
Ситуацијата на работното место е стабилна и вие можете да планирате викенд со една личност која многу ви значи. Доколку планирате да отидете надвор од градот бидете внимателни како возите и не дозволувајте ништо да ве исфрли од рамнотежа.
Може да се случи сопатникот да каже нешто што ќе ве разочара и тоа да ви ја намали концентрацијата. Доколку сте слободни, овој викенд во друштво на ваши пријатели може да запознаете личност родена во воздушен знак. Вие ретко планирате, но во овој случај ќе направите отстапка.
РИБИ
Имате големи планови, но како да сте застанати да не знаете кој пат да го фатите. Партнерот дополнително придонесува за ваквата состојба со постојаните забелешки. Никако не можете да се сложите за некои битни работи за семејството и тоа ќе ви ја одземе енергијата овој викенд. Најдобро е да се повлечете и да не дозволите никој да ви го наруши внатрешниот мир. Доколку сте слободни, викендов во вашиот дом ќе биде гостинка една личност која ќе ве освои со својата комуникација.