БАМБУС
Среќниот бамбус е лесен за одржување, а фенг шуи мајсторите веруваат дека привлекува позитивна енергија. Завиената верзија на бамбусовото стебло привлекува успех, а доколку сакате среќна љубов и стабилен брак, тогаш две гранки бамбус ставете во една вазна.
За повеќе успех и пари во домот чувајте три или 9 бамбуси, а најдобра позиција е левиот дел од куќата, оној кој е најмногу одалечен од влезната врата. Секоја куќа треба да има барем по еден: Ова е најбараниот цвет на целиот свет!
ОРХИДЕЈА
Магичниот цвет на орхидејата во фенг шуи се користи за пронаоѓање на нова љубов. Доколку сте осамени, искористете ја магијата на орхидејата и чувајте една во спалната соба, на наткасната покрај креветот.
ЗЛАТЕН БРШЛЕН
Оваа декоративна билка која совршено се вклопува во секој дом – златниот бршлен е совршен за одбивање на негативна енергија.