Наставничка по хемија дала отказ и отворила компанија: Денес тежи над 8 милијарди

Наставничката Жонг Хуиџуен дала отказ од средното училиште каде што речиси 10 години предавала хемија и се сврте кон кариера во фармацевтската индустрија.

Се покажа дека тоа е добра одлука бидејќи богатството на 58-годишната кинескиња денес се проценува на 8 милијарди долари.

Нејзината компанија Hansoh Pharmaceutical, која се занимава со производство на психотропни лекови, во петокот излезе на берзата во Хонг Конг и беше проценета на 10.4 милијарди долари.

Како сопственик на 68 проценти од акциите во компанијата, делот на Жонг Хуиџуен има пазарна вредност од 8 милијарди долари.

Сепак, како што пишува Блумберг, таа не е најбогатиот член на нејзиното семејство. Богатството на нејзиниот сопруг, Сун Пиаоџанг, се проценува на 9.3 милијарди долари, благодарение на успехот на неговата компанија, Jiangsu Hengrui Medicine, која се занимава со производство на лекови против тумор.

По јавната понуда на Hansoh Pharmaceutical, Жонг и Сун би можеле да станат најбогатото семејство во светот кое се занимава со бизнис во фармацевтската индустрија

Loading...