Додека некои ги нарекуваат „интензивни“ или „тешки“ оние што не се чувствуваат загрозени ќе сфатат дека таа е страствена, лојална и дека е вистински пријател.
Скорпиите се силни личности и тие карактеристики со текот на времето се повеќе доаѓаат до израз. Ако еднаш биде нејзин, мажот никогаш нема да може да ја заборави дамата родена во знакот Скорпија. Врската со неа значи дека ќе имате некои од најдобрите денови во вашиот живот, но и такви што нема да бидат многу сјајни…
Таа е егзотична и неверојатно привлечна, длабока и немирна како морето. Неа ја краси неверојатна интуиција, па силно ја привлекуваат окултните или духовни искуства кои ѝ нудат некаков вид длабок увид. Таа е директна, брилијантна, бестрашна и тврдоглава, па токму затоа и ќе успее да ја надмине секоја препрека во нејзиниот живот. Погледнете зошто таа се издвојува од останатите хороскопски знаци…
Приказните за застрашувачко љубоморната природа на Скорпијата се само мит. Тие навистина можат да покажат силна љубомора како никој друг знак, но тоа е само затоа што и најбезопасниот флерт со друга личност го сметаат за неверство. Од партнерот го бараат она кое и самите му го даваат – целосна верност и лојалност. Тие за својот партнер се подготвени да направат сè, па затоа и ќе го бранат доколку некој говори нешто лошо за него.
На Скорпијата ѝ е потребен храбар партнер кој ќе може да ѝ се спротивстави, но и да ѝ овозможи на моменти таа да биде машкото во врската. Во креветот се вистински Амазонки – имаат високо либидо, силна страст и сакаат да овозможуваат, но и да добиваат сензуални задоволства. Често за свои партнери ги одбираат Овните или Девиците, но најдобро се согласуваат со Биковите.
Жената Скорпија може да биде најдобар пријател на светот или најлош непријател. Лојалноста им е една од најважните нешта во животот, а предавството никогаш не го забораваат. Ако ѝ докажете дека сте ѝ благодарни пријатели, таа засекогаш ќе остане покрај вас. Таа исто така ги чува сите видови тајни, исто како да заштитува мало богатство.
Пријателствата ги одбира внимателно бидејќи според неа не секој е квалификуван да биде нејзин пријател. Страста управува со нивниот живот, па затоа можат подеднакво силно и да љубат и мразат, но многу ретко ги покажуваат своите чувства. Никогаш нема да заборават доколку некој не бил добар со нив и без сомнение со тек на време ќе му/ѝ се одмаздат.
Првото нешто што ќе го забележите кај Скорпијата е нејзиниот интензивен, скоро рендгенски поглед. Неа ја краси фатална убавина, а кога ќе влезе во просторија сите очи се насочени кон неа. Најчесто имаат темна коса, сензуални усни и заводлив глас. Тие се мускулести, цврсти и издржливи. Имаат остар израз на лицето.
Скорпиите ги следат најновите трендови, но не се робови на модата. Тие се познати како трендсетерки, па ако одлучат да носат розово, сите околу нив ќе го направат истото. Скорпијата е елегантна и заводлива, знае што ѝ стои добро, а што не и не се плаши да носи облека која ќе ги истакне нејзините физички атрибути.
Тие мигови ќе ве тераат секогаш да се враќате назад и да барате уште, иако може да ве преплаши доколку почнете да се шегувате со неа кога не е расположена. Тие се комплексни по природа и не ги сфаќаат врските несериозно. Ќе ви покаже подлабока љубов од она на што сте се навикнале, а еднаш кога ќе ве „погоди“ повеќе никогаш нема да прифатите обична љубовна врска.
Скорпиите се интуитивни и имаат свои начини за да ги „читаат“ луѓето, што може понекогаш да иритира, додека не сфатите колку е добро да имате некого што „ве чита“.