Дамата во овој хороскопски знак е најверна – ако ја имате во својот живот, чувајте ја

0

Оваа жена од Зодијакот ја одликуваат одлучност, упорност и доследност во своите цели. Воедно, таа е силна, заводлива љубовница која многу очекува од партнерот, но дава двојно повеќе.

Се работи за жената Бик.

Мажите имаат голем број причини зошто да ги обожуваат жените родени во знакот Бик. За оние кои сакаат животот да го живеат со побавно темпо, жената-Бик е вистинскиот избор за нив. Таа е сигурна и стабилна жена, која секогаш сака да знае во кој правец во животот се упатува и како се движи по него. Таа е решителна, упорна и трпелива личност. Ако нешто науми дека сака да го има, таа ќе пресмета, ќе го испланира, а потоа и оствари секој детаљ, сѐ додека не ја реализира нејзината замислена цел. Таа е мајстор за следење на нејзините зацртани цели, без разлика дали нивниот пат е напорен или досаден. Од оваа жена секогаш ќе знаете што добивате и што можете да очекувате, а таа ќе го очекува истото од вас.

Жената-Бик понекогаш може да делува контрадикторно. За да научите што таа навистина сака, ќе ви биде потребно трпение, пракса и голема издржливост. Таа е бавна, спремна и цврста жена. Доколку сакате да го освоите нејзиното срце, подобро обидувајте се само доколку имате силна волја да ја имате покрај себе. Доколку го издржите процесот на придобивање на нејзината љубов, на крајот ќе констатирате дека нејзиното големо срце е доволно вредно за сета мака.

Таа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа. Некои претставнички на овој знак се чувствуваат понекогаш чудно во врска со себеси, како да се различни од сите други луѓе во светот. Поради тоа, убаво би било да ја потсетувате одвреме-навреме дека е само човек и дека е сосема нормално тоа што е исклучително уникатна девојка.

Обидете се да ѝ покажувате сочувство секогаш кога ѝ е тоа потребно, но немојте да ја карате и прекорувате. И покрај тоа што таа е многу приземна и цврста, понекогаш знае да го изгуби трпението и нервите. Во тие случаи ќе биде најпаметно да излезете од просторијата, додека не „спадне прашината“. Не дозволувајте вашата гордост да преовладее во врската со оваа девојка. Кога некој ќе ја навреди, таа не се труди да возврати со иста мерка, туку едноставно ќе ја игнорира таа личност.

Оваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста. Како нејзин потенцијален партнер, вие морате да ѝ ги овозможите овие две работи. Таа е фиксен земјен знак, стабилна е, едноставна и нерасипана, но не може да трпи напнати и глупави ситуации. Жената-Бик е нетолерантна кон оние луѓе кои немаат класа, навредуваат, сурови се и покажуваат простотилак во своето однесување. Кон неа морате да се однесувате културно и да ја третирате како дама. Првиот впечаток е пресуден кога станува збор за оваа жена. Доколку не може за неколку минути да сфати дека вие сте личност со исклучителен карактер и потенцијал, тогаш најверојатно со неа нема да добиете ништо повеќе од тој еден разговор кој сте имале среќа да ви се случи.

Нејзините два најголеми квалитети се чувствителноста и трпението. Има благ карактер, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. Ако некој се обиде да ги тестира нејзините граници, ќе се разбуди нејзиниот огнен темперамент.

Одлучни, упорни, доследни, реалистични, стабилни, бескомпромисни, своеглави, издржливи, толерантни, одговорни, грижливи, способни, силни, шармантни и фокусирани. Сите овие епитети ги опишуваат жените Бикови! Сепак, нивната најголема сила лежи во двата победнички квалитети што ги поседуваат, а тоа се чувствителноста и трпеливоста. Жените Бикови се мирни, но тоа не значи дека се наивни. Тие имаат цврсто мислење за сѐ што се случува околу нив, а ако некој ги премине границите, ќе го разбуди нивниот огнен темперамент.

Припадничките на овој знак го кријат својот темперамент, затоа што во животот се склони на рамнотежа и сигурност. Не се авантуристи и никогаш нема да ризикуваат, ако тоа може да има донесе нагли и големи промени. Со самото тоа тие живеат во едноличност, а сите промени главно ги предизвикуваат надворешните промени. Жената Бик учи од искуство и никогаш нема да и се случи два пати да ја повтори грешката.

Жената Бик се смета за една од најверните знакови. Таа никогаш не влетува во врска затоа што многу и е важно во потполност да го запознае партнерот. Дури кога ќе биде сигурна дека избрала квалитетна личност таа ќе се впушти во сериозна врска. А еднаш кога ќе се обврзе, тоа е засекогаш.

Мажот која сака да ја освои мора да биде подготвен на многу додворување и заведување затоа што тоа е патот до срцето на оваа жена. Тој што ќе ја освои од неа ќе добие многу затоа што жените родени во овој хороскопски знак по природа се грижат за другите, поради што во врската ќе даваат повеќе додека партнерот е верен и додека и дава чувство на сигурност. Многумина кои го доживеале тоа искуство, ја опишуваат жената Бик како маѓепсна љубовница.

Претходна статијаДодека моите врснички славеа и добиваа подароци, јас од 14. години пеев за да преживеам
Следна статијаМрачната тајна на Драган Којиќ – Кеба: Тој има вонбрачна ќерка која никогаш не ја запознал ФОТО