Жената родена во овој хороскопски знак делува уредно, горделиво и урамнотежено.
Лавицата сака и претставува: топлина, луксуз, театралност, посебност, воодушевување.
Секогаш сака работите кои ги носи да се со најдобар квалитет, а кај нејзе не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои ги немаат другите.
Бара мажи кои се сигурни во себе
Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики.
Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи и таа да може да блесне со сиот свој сјај.
Жените родени во хороскопскиот знак Лав сакаат да добиваат многу внимание, особено на романтичен фронт.
Како и повеќето мачки, Лавовите сакаат да бидат галени и милувани, па ако излегувате со таква жена, бомбардирајте ја со прегратки, бакнежи и сите видови на бакнежи.
Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец, Ваги и Овен.
Лавицата има огнен темперамент и многу големо его.
Ако се скарате со неа, таа нема да сака да отстапи, туку ќе ви каже сè што има да ви каже дури потоа и малку да жали.
Додека изразува чувства, оваа жена е прилично бучна, но само по малку станува повторно слатка и мила.