Ако верувате во хороскоп и родени сте во знакот на Лав, тогаш имате причини за радување. Кога станува збор за финансиите, несомнено можеме да кажеме дека Лавовите сакаат луксуз и уживаат да трошат пари на уживање и задоволтво.
Сакаат другите да им завидуваат, па често имаат најскапа облека, парфеми и накит, а уште повеќе уживаат и во добар автомобил и уреден дом за живеење.
Тие се великодушни, па не трошат пари само на себе, туку и на луѓето кои ги сакат, па притоа ги частуваат во некои луксузни ресторани и заминуваат на кратки патувања. Дури и ако не заработуваат многу, личностите роедни во овој хороскопски знак ќе се потрудат да не го дознаат тоа другите, па и понатаму ќе живеат на „висока нога“.
Недамнешната анализа на маркетиншката компанија „AdView“, утврдила дека токму во овој хороскопски знак се раѓаат најбогатите луѓе. На второ место се нашле луѓето родени во знакот на Бик, а третото место им припаѓа на Вагите.
Од друга страна, најмали шанси да станат милијардери имаат луѓето родени во знакот на Овен.
Анализата е потврдена според најновата листа на „Forbes“ со најбогатите Американци, а во продолжение погледнете на кое место се наоѓа вашиот знак:
1. Лав
2. Бик
3. Вага
4. Водолија
5. Близнаци
6. Девица
7. Јарец
8. Риби
9. Рак
10. Стрелец
11. Шкорпија
12. Овен