Сите познаваме барем една таква мајка…
Таа прави колачи, готвни ручек, има уреден дом, ја чиста облеката, секогаш е дотерана и насмеана. Дали некогаш сте се запрашале како успева и како се справува со тоа? Можеби е исклучително добро организирана, а можеби за се е заслужен и нејзиниот хороскопски знак.
Астрологот Тара Фогел откри дека самиот знак влијае врз родителството во некој сегмент. На пример, Рибите се креативни, па често со интересни идеи ги занимаваат децата, додека родителот роден во знакот на Овен кај децата ќе поттикне натпреварувачки дух.
Постојат хороскопски знаци кои немаат никаков проблем кога станува збор за родителство. Мајките родени во овие хороскопски знаци обично се нарекуваат „супермами“.
Девица
Девиците се познати перфекционисти. Откако нешто ќе наумат да направат, тоа навистина ќе го сторат, и тоа на најдобар можен начин. Сè во нивниот живот мора да биде уредно, па затоа не е изненадување дека повеќето од нив домот им е токму таков. Истото важи и за храна.
„На Девиците на прво место им е здравјето, а многу важна за нив е и храната. Не треба да се изненадите ако имате таблица со предефинирани менија за сите денови”, вели Фогел.
Рак
Светот на мајките родени во знакот на Рак целосно се врти околу децата, пишува Baby Center. Овие мајки ќе се посветат на домашната задача и организирање на роденденски прослави. „Ракот негува со храна“ вели Фогел, па затоа може да се очекува да биде посветен на подготовка на оброци од нула и целосно избегнување на купување готова детска храна.
Овен
Мајки родени во знакот на Овните сакаат оригиналност. Тие секогаш ќе се залагаат за уникатни проекти, и ги води енергијата да бидат најдобри.
„Со Овните владее Марс, па тие само сакаат да се натпреваруваат”, објаснува Фогел. Ако вашето дете има пријател кој секоја година ја освојува наградата за најдобар костим, веројатно неговата мајка е Овен.
Лав
„Лавот во срцето всушност е едно големо дете. Тие се толку горди со своите деца, бидејќи тие за нив го претставуваат нивниот одраз”, вели Фогел.
Жените родени во овој хороскопскиот знак се креативни и лидери, и кога сите овие квалитети ќе ги ставите на купче, ќе добиете една мајка која е главна и секогаш размислува за нови идеи за да им помогне на заедницата или пак, секогаш носи неверојатни колачи која самата ги подготвила за детската забава.