Секогаш ја пружат својата рака: Вреди да имате ваков хороскопски знак до вас

0

Стрелците добро знаат дека вистината боли. но секогаш ја кажуваат без никаков проблем.

Тие се одлични во градењето ѕидови околу нивното срце, со цел да не дозволат некој да ги повреди.

Кон своите пријатели тие се многу услужливи и им помагаат секогаш кога можат. Нивната вродена моќ за перцепција на светот околу нив, во комбинација со нивната инспиративна енергија, ги прави стрелците одлични комуникатори, кои умеат да ги „уловат“ мислите на луѓето околу нив. Повеќето стрелци имаат и вродена смисла за хумор, благодарение на која може да ја насмеат речиси секоја особа која се наоѓа во нивна близина.

Наместо да бидат лути, повеќе сакаат да ги надминуваат тешкотиите преку смеа…

Кога се чувствуваат анксиозно – тоа не го покажуваат.

Праведноста е главната преокупација во животот на Стрелците, а нивната голема желба за патување може да значи дека честопати ќе го напуштаат нивниот роден крај, за да го истражуваат светот. Тие умеат да воспостават обединувачка енергија и победнички елан и ентузијазам, во секоја работа што ќе ја започнат.

Но, кога ќе ги преминете нивните граници на толеранција, тие ќе ви го кажат сето она што им било насоберено.

Стрелците се социјални битија, но не сакаат да бидат дел од нечии кругови.

Луѓето родени во хороскопскиот знак стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал. Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна.

Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори. Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.

Најдобро се чувствуваат покрај мала група пријатели на кои може да им веруваат.

Тие се искрени и учтиви луѓе, но ако се однесувате нефер кон нив, ќе го изгубат трпението. Како и на сите други луѓе, така и на позитивните стрелци може да им се случат депресивни расположенија, а таа нивна страна од карактерот ја кријат од светот. Стрелците секогаш оставаат впечаток на отворени и позитивни личности, па дури и кога не се чувствуваат расположено, тие умеат да се замаскираат пред останатиот свет, криејќи ја песимистичката страна од нивниот карактер.

Во продолжение погледнете кои се главните принципи според кои се водат личностите родени во знакот Стрелец.

Тие немаат што да кријат и со задоволство ја зборуваат вистината.

Не им треба сожалување. Тие знаат како да ја подигнат главата и да продолжат понатаму.

Понекогаш зборуваат многу, а и многу брзо.

Потребен им е партнер кој нема да се обиде да ги промени нивните ставови.

Секогаш ја пружат својата рака на оние на кои најмногу им е потребна помош.

Лесно е да разговарате со нив. Тешко е да ги разберете.

Не сакаат да пропуштат добри прилики. Обожаваат неочекувани бакнежи и моменти.

Претходна статијаЈа оставил жена си за помлада секретарка: Таа му го вратила ударот со слатка одмазда
Следна статијаИмаат срце само за нив: Три хороскопски знаци најтешко ги забораваат бившите