Еден знак во хороскопот го нарекуваат егоцентричен и умислен бидејќи честопати се смета за “крал на џунглата”.
Еве кои се хороскопските знаци кои мислат дека се подобри од останатите:
Лав
Лавовите се сметаат за егоцентрични и умислени бидејќи честопати се сметаат за “кралеви на џунглата”. Тие едноставно се обожуваат себеси, а благодарение на харизмата која е неоспорлива, Лавовите се многу популарни во друштвото. Тие бараат големо внимание и во расправиите секогаш мора да излезат како победници па затоа се сметаат за луѓе со тежок карактер.
Овен
Гласниот Овен често ја крие својата емотивност. Оттука произлегува и потребата да го наметнува своето мислење и да се претставува себеси како лидер. Себичноста и тврдоглавоста преовладуваат кај луѓето родени во овој знак, а доколку сакате да бидете блиски со Овенот тогаш мора да го прифатите овој факт.
Бик
Биковите се многу упорни, но и тврдоглави. Тие секогаш мора да ги бранат своите ставови и да го покажуваат нивното знаење пред сите. Иако го имаат, тоа честопати пред другите изгледа како мудрување, па затоа знаат и да им одат на нерви на останатите околу нив.
Јарец
Јарецот е секогаш заљубен во самиот себеси. Секој негов потег е исправен и Јарецот не се откажува од своето мислење или идеи сè додека не ви ги наметне истите. Дури и кога ќе сфатат дека погрешиле, припадниците на овој хороскопски знак нема да ја признаат грешката, туку ќе ги натераат луѓето околу нив да мислат дека тие погрешиле.