Фатални заводници по кои ќе копнеете: Вакви се само овие хороскопски знаци

0

Жена Близнак

Сите ја сакаат Тие се обично повисоки од просекот, имаат тесни и тркалезни лица, тенок нос и високо поставени јаболкца. Ако долго не сте ја виделе, голема е веројатноста сосема да го променила својот изглед, зашто тоа често го прават. Интелигентни се и обожаваат да расправаат за се’.

Исклучително се љубопитни, а во друштво се забавни. Недостаток им е што започнуваат многу работи одеднаш, а ретко нешто завршуваат и можат да бидат многу површни. Не поднесуваат здодевност и тогаш ќе направат се’, вклучувајќи и екстремни акции за да „живнат“. Во работата се мудри.

Нејзината душа е детска, пристапува едноставно и лесно, дозволува милување, па и бакнување. Недолжен флерт, сака милувања но не ја интересира страствен допир, ја меша фикцијата со стварноста, па чувствата избувнуваат во неповолен момент.

Сака маж-другар и љубовник, со безгрижни сваќања кој се восхитува на нејзината свежина. Слатка иронија не сака драматизирање, и сметаат дофрлувања, се радува на смешните подароци и со малку хумор ја разбива мрзливоста. Тоа ѓаволче го презира моралот, површно бакни ја и веќе е задоволена.

Монотонијата и досадува и често во коитусот треба да се измислуваат нови пози. Не го планира неверството, нејзе тоа и се случува случајно на излет, на журка или поради чиста љубопитност. Инаку се нуди, меѓутоа не се дава, секогаш има спремна тема за отпор, делува со шарм и ве уверува дека од нејзе сте имале се.

Maж Близнак

Го има секаде, подложен е на секој ветар. Немирен, подвижен, несигурен, не му значи гордоста. Полот ненагласен, понекогаш хермафродит, бисексуалец, мултисексуалец. Нема комплекси ни еротски дилеми.

Копнее кон лесни сензации, променливи мали возбудувања бидејќи без тоа нема стимулација. Не сака да се врзува за домот но парите ќе ги обезбеди со леснотија. Добар партнер во куќата, троши на куќното друштво, го разонодува со вицеви и маскирања. Наивен е и неопходен му е партнер со појаки принципи.

Го заморуваат длабоки и постојани работи. Секоја нова ситуација го разведрува и зацврстува. За сопствената жена тој е врапче кое долетува и одлетува, нема завист и љубомора, случајното неверство го замачкува со хумор.

Бидејќи не знае да мрази ни љубовта не му е длабока. Влегувањето во брак добро го планира а сопствените деца не знае татковски да ги воспита.

Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да се заинтересира за него, затоа што оваа дама не дозволува со нејзиното тело д си игра некој кој не е способен да ја предизвика интелектуално.

Какви се Близнаците во бракот

Да се стапи во брак со Близнаци не е едноставна работа: тие не веруваат во вечни врски, не им е потребен тој вид на сигурност, а освен тоа однапред им е смачено од разни формалности во бракот.

Сепак кога љубовта е силна, кога љубовниот пламен е нов и жесток, тие многу лесно можат на брзина и лекомислено да се одлучат на венчавка, а тоа често им се случува додека се многу млади. Но да се стапи во брак со млади Близнаци не е баш сериозен потег, затоа што себеси доцна се запознаваат, односно може да им се случи воопшто да не знаат што работат.

Освен тоа немаат обичај да избегнуваат развод кога ќе почувствуваат дека слободата им неопходно потребна.

Многу повеќе им одговара барем во прво време, да живеат во слободна заедница; колку помалку обврски имаат толку подобро се чувствуваат. Според тоа бракот ништо не би изменил во нивното можно неверство, тие не му дозволуваат на обично парче на хартија да влијае на нивното однесување.

Недостатокот на ваквото решение е тоа што времето нема ништо да промени во работите. Бидејќи вака добро се живее, зошто да има изложување на опасност и да се живее на друг начин-ќе мислат Близнаците. За да се решат на таков чекор како што е бракот ќе им потребна навистина јака причина, можеби децата или од финансиски причини.

Ако сакате да ги избегнете разочарувањата подобро е да не ја присилувате личноста родена во знакот на Близнаци да се појави пред матичар, треба да ја пуштите самата да се одлучи, како возрасна.

Претходна статијаМаж со голи раце успеа да победи планински лав ВИДЕО
Следна статијаДосега не сте прочитале: Како ви влијае временската промена зависно од хороскоскиот знак