Владимир Путин које во посета на Србија е топ тема таму, но и во регионот. До него се неговите телохранители постојано, а едниот носи црна торба која не ја испушта од рака, па сите се запрашаа што има во неа.
Се работи за посебна автовка со видео врска со службата за оружје и заштита.
Со оваа торба се даваат и команди за нуклеарните сили.
Путин завршил право на Лелинградскиот универзитет, каде се зближил со професорот Анатолиј Собчак. Веднаш по дипломирањето во 1975 година се приклучил на КГБ, а главните задачи во првите години му биле надзор на странци и конзуларни службеници. Од 1985 до 1990 служел во Дрезден, во Источна Германија, каде се преселила и неговата сопруга Људмила. Како разузнавач, Путин имач и значна на источно германската тајна полиција Штаци.
Кога е срушен Берлинскиот ѕид, разбеснетите Германци, околу 5 000 од нив, ја урнале зградата на Штаци, па потоа ја опколиле и зградата на КГБ преку патот. Путин и седуммина негови колеги побарале помош од советската армија, но тоа е одбиено, па самиот Путин излегол пред масата и порачал:
-Ова е советска територија и вие сте на граница. Ќе пукам во секој кој премине. Јас сум офицер и имам пиштол со 12 куршуми. Еден оставив за себе, поинаку не можам.
Тоа ги смирило, а неколку дена подоцна е повлечен во Русија. Во време на августовскиот пуч против Михаил Горбачов во 1991 година ја напуштил КГБ со чин полковник. Шпионската кариера веднаш ја сменил со политика, а молњевит успон до Кремљ започнал во администрацијата на некогашниот професор и градоначалник на Ленинград Анатолиј Собчак. Кога неговиот ментор ги изгубил изборите во 1996, Путин преминал во Москва и станал дел од тимот на претседателот Борис Елцин, а веќе во 1998 година се нашол на чело на ФСБ, наследник на некогашен КГБ.
Обнова на државата
Eлцин Путин го поставил за премиер на Русија на 9 август 1999 година, а на 31 декември и за претседател.
„Две три недели пред Нова година Борис Николаевиќ ме повика во кабинетот и рече дека донел одлука да замине и дека јас морам да ја вршам должноста претседател. Седнав и молчев, а потоа му реков дека тоа е тежок живот и дека не сум сигурен дали сакам таква судбина“. – “И јас имав други планови, но судбината така одреди. Мислам дека и вашата судбина е таква да мора да донесувате одлуки, сигурен сум дека ќе успеете“, му рекол – раскажал Путин.
Неколку месеци подоцна Путин победи на претседателските избори и почна обнова на земјата – за осум години БДП и куповната моќ скокнаа за 72 отсто, а Русија повторно стекна воена моќ и меѓународен углед. Секако, се тоа имало цена, па Владимир Путин стана дежурна бабарога за Западот, каде го обвинуваат за се – од труење на луѓе по улиците, преку организација на демонстрации во Франција и Германија, до изборите во Америка – пишува српски Курир.
Путин беше на позициите претседател од 2000 до 2008 и повторно од 2012 додека функцијата премиер повторно ја извршувал од 2008 до 2012, кога шефот на Кремљ бил неговиот најблизок соработник Димитриј Медведев.