Најверниот хороскопски знак меѓу мажите: Девојки, доколку го уловите, ќе ве чува како кралица

0

Поставеноста на планетите за време на вашето раѓање откриваат многу работи за ставот кон прељубата, а еден хороскопски знак е познат по својата безусловна љубов и верност.

Имено, од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежат кон сигурна врска полна со љубов, во која нема место за прељуба. Раковите никогаш не е во потполност среќен додека не оствари длабока емотивна врска, а кога ќе се вљуби секогаш размислува долгорочно.

Тие цел живот само трагаат по личност со која ќе изградат дом и ќе основаат семејство. Ракот дава многу и исто толку и бара. Сака внимание, сака да му се докажува љубов, но секогаш враќа со иста мера.

Кога ќе наиде на проблеми во врската, тој не ги избегнува и туку инстнатно ги решава бидејќи не сака нешто да му застана на патот. Не ни помислува на прељуба како метод за решавање ма проблемите затоа што е верен до самиот крај.

Што е тоа што мажите родени во знакот на Рак ги издвојува од останатите знаци, па дури и од жените родени во овој знак?

Иако некои особини на лицата родени во знакот на Рак се заеднички и за двата пола, мажите имаат свои карактеристики кои вреди да ги знаете.

На прв поглед се срамежливи и повлечени и нема лесно да се отворат, па ќе ви треба извесно време за добро да ги запознаете. Мажите Ракови се многу чувствителни, приврзани и внимателни личности. Многу се грижат за туѓите чувства и внимаваат да не ги повредат другите.

Овие лица се многу интелигентни, но нивната емотивна страна честопати ја попречува нивната интелигенција. Наместо да размислат и да дејствуваат разумно, тие се потпираат на емоциите, па честопати може да донесат погрешни одлуки.

Создадени се за брачни другари бидејќи се силно приврзани за семејството и сакаат да се грижат за своите најблиски. Кога во домот владее пријатна семејна атмосфера, прекрасната енергија на мажот Рак доаѓа до израз.

Она што им е заедничко со жените Ракови е нивното повлекување во сопствениот оклоп. Ако мажот Рак се чувствува несигурен, ќе се повлече во себе и нема да преземе никаква акција. Оваа нивна особина честопати ги прави да изгледаат студени и незаинтересирани, но тие воопшто не се такви.

Променливото расположение е уште една особина која ја делат со жените Ракови, а она што на девојките сигурно нема да им се допадне е нивната приврзаност со мајките. Раковите или се премногу приврзани и блиски со мајките или едвај комуницираат со нив, па ако вашиот избраник е од оние приврзаните, ќе очекува да му угодувате како што тоа го прави неговата мајка.

Мажите Ракови се прекрасни личности, но мора да бидете внимателни со нив токму поради нивното променливо расположение и нивната ранливост. Запомнете, колку и да изгледаат студено и незаинтересирано, тие се емотивни души кои лесно се повредуваат.

Раковите кријат сложена емотивна структура и длабоко доживуваат се што се случува околу нив.

Тие се молчеливи, внимателни и таинствени. Повеќето не се грижат и не се плашат толку за себе колку за своето смејство, а поготово за децата.

Имаат посебно чувство за потомството, а исто и за зачувување на традицијата. Кога се во прашање оние што ги сакаат , несомнено ќе застанат во нивна одбрана.

Религиозни се, повеќе ги ценат духовните предности од метеријалните, а љубовта им е најважна, полни се со великодушност, чувствителност и грижливост…

Во астрологијата Раковите обично се опишувани како чувствителни и емоционални, на кои може да им се има целосна доверба. Но има уште толку многу за овој воден знак, особено кога станува збор за врски.

1. Тие анализираат сè и сешто

Кога ќе имаат средба со жената која одамна им се допаѓа не престануваат да го анализираат секој нејзин збор и акција. Навистина можат да бидат многу внимателни кога сакаат. Да флертувате со Рак преку пораки може да биде или многу секси, или нешто најлошо. Некои зборови за вас може да не значат ништо посебно, но тој нема да престане да мисли што точно сте имале во предвид кога сте го кажале тоа.

2. Можат да бидат во навистина лошо расположение

Не им е пријатно да ги сметаат за премногу емотивни, иако има голема вистина во тоа. Кога Ракот се чувствува повреден или вознемирен ќе го почувствувате – или ќе се сокријат во својата школка, или ќе ви ја претстават нивната лажна насмевка. Но не го сфаќајте премногу лично, тоа е само реакција за да се спречи да биде повреден.

3. Тие се тврдоглави

Ако ги налутите, подобро да не сте блиску до нив. Сериозно, кога станува збор за спорови, секогаш ќе изгубите. Не е важно дали сте прави или не. Начинот на кој ќе дискутирате, е одлучувачки за тоа дали ќе спиете во различни соби таа ноќ.

4. Го сакаат семејството нездраво многу

За Раковите семејството секогаш доаѓа прво, затоа се подготвени да ве игнорираат, ако нивните блиски имаат потреба од нив во одреден момент. Ако сакате да најдете место во нивните срца, треба да го почитувате нивното семејство. Покрај тоа, ако нивните блиски пријатели или семејството не ви се допаѓа, дефинитивно ќе ви биде доста тешко и ќе треба доста да се потрудите за да ја „заработите“ нивната доверба, ако сакате да бидете со него.

5. Но пред сè – ќе сторат сè за да ве направат среќни

Кога се заљубиле, го прават со сето свое срце и душа. Тие и даваат на врската сè што имаат, без двоумење. Иако понекогаш тоа може да им наштети и да бидат повредени, не жалаат, бидејќи сте ги одвеле до нова страница во нивните животи.

Ракот не е единствениот хороскопски знак познат по верноста, доста верни знаат да бидат и Биковите.

Претходна статијаЗа да привлечете пари и среќа направете го ова – Бидете во 2019 задоволни и богати
Следна статијаПроверете во кој период од вашиот живот започнува вашата вистинска среќа