Многу тешко би го препознале потполковникот Леон од „Далеку од дома“ во приватноста ФОТО

Ексклузивно на Сител телевизија стартува уште една безвременска приказна која на малите екрани ќе ги врати вашите омилени јунаци Онур и Шехерезад. Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно заедно во нова приказна исполнета со љубов, војни и завери.

Капетан Џевдет е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, балканската убавица Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка. За време на балканските војни, испратен е во Солун да служи на одбрана на татковината.

Ако некој би го прашал дали радо би избрал одданост на родната земја или сопствениот живот, лесно би добил одговор. Но, доколку соборците и пријатели го прашаат дали татковината би ја ставил пред фамилијата, лесно не би добиле одговор.

Во турската воена драма „ Vatanım Sensin“ каде главните улоги ги имаат актерите Халит Ергенџ и Бергузар Корел како Џевдет и Азизе, вниманието го привлекуваат и млади актери кои се истакнуваат со своите улоги.

Сценариото ги третира последните години од Отоманската империја и турската војна за независноста и ослободувањето на Измир од грчката окупација.

Па така, покрај славните актери во главната улога, како грчки поткомандант се појавува младиот 26 годишен турски актер Боран Кузум.

Тој е роден на 1-ви октомври 1992 година во Анкара, а станува познат токму по улогара на Леон во турската воена драма.

За неговата приватност и љубовниот живот не се познати детали, но младиот актер е доста активен на социјалните мрежи каде може да се погледнат доста фотографии од снимањата и секојдневнието.

Она што може да се забележи е дека за ралика од арогантниот, но кревок војник Леон, Боран во приватноста е атрактивно момче со многу обожавателки.