Многу тешко би го препознале потполковникот Леон од „Далеку од дома“ во приватноста ФОТО

0

Ексклузивно на Сител телевизија стартува уште една безвременска приказна која на малите екрани ќе ги врати вашите омилени јунаци Онур и Шехерезад. Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно заедно во нова приказна исполнета со љубов, војни и завери.

Капетан Џевдет е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, балканската убавица Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка. За време на балканските војни, испратен е во Солун да служи на одбрана на татковината.

Ако некој би го прашал дали радо би избрал одданост на родната земја или сопствениот живот, лесно би добил одговор. Но, доколку соборците и пријатели го прашаат дали татковината би ја ставил пред фамилијата, лесно не би добиле одговор.

Во турската воена драма „ Vatanım Sensin“ каде главните улоги ги имаат актерите Халит Ергенџ и Бергузар Корел како Џевдет и Азизе, вниманието го привлекуваат и млади актери кои се истакнуваат со своите улоги.

Сценариото ги третира последните години од Отоманската империја и турската војна за независноста и ослободувањето на Измир од грчката окупација.

Па така, покрај славните актери во главната улога, како грчки поткомандант се појавува младиот 26 годишен турски актер Боран Кузум.

Тој е роден на 1-ви октомври 1992 година во Анкара, а станува познат токму по улогара на Леон во турската воена драма.

За неговата приватност и љубовниот живот не се познати детали, но младиот актер е доста активен на социјалните мрежи каде може да се погледнат доста фотографии од снимањата и секојдневнието.

Она што може да се забележи е дека за ралика од арогантниот, но кревок војник Леон, Боран во приватноста е атрактивно момче со многу обожавателки.

Претходна статијаВрањеш никогаш не барал Карлеуша да се разведе и прифатил да бидат љубовници – но и поставил еден услов
Следна статијаМетеоролозите со ново предупредувње – подгответе се за поинитезивни врнежи од снег