Децата родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари во знакот на Водолија, воглавно израснуваат во богати личности, или пак познати јавни лица, велат научниците.
Ова е податок откако е испитан светот на познатите, без оглед на тоа од каде потекнуваат , која е нивната боја на кожа или со што се занимаваат, и дошле до необичен резултат.
Водолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени. Повеќето припадници на овој знак се многу независни и имаат страшно оригинални идеи и замисли. Може да имаат проблем во љубовните врски, како резултат на некои нивни негативни карактеристики, како непредвидливост и тврдоглавост, но во суштина тие се истрајни во љубовта и може да се очекува да бидат посветени партнери.
Водолиите размислуваат за она што е најдобро за нив. Тие се секогаш желни и заинтересирани да научат нови работи. Не се двоумат за тоа кој пат треба да го изберат во животот и дали оваа или онаа љубовна врска е вистинскиот избор за нив, туку веруваат дека сите нешта треба да се случуваат по својот природен тек. И покрај тоа што припадниците на овој знак се многу добродушни и срдечни, може да станат многу вознемирени и лути ако некој им ја „загрози“ нивната независност и слобода.
Ниту женските, ниту машките водолии не сакаат да се чувствуваат ограничено или придушено во љубовните врски. Ним им е потребен простор и доволно слободно време, во кое ќе имаат можност активно да го живеат животот како индивидуи, а притоа истовремено останувајќи лојални кон својот љубовен партнер.
Никој не е сигурен зошто , но помеѓу 100, 200 па и 300 испитанци, највеќе имало Водолии.
Водолиите се личности кои се претставуваат на 2 начини : прво – како срамежливи и мирни, а од друга страна како ексцентрични и енергични. И во едната и другата ситуација, тие се длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Тие се многу интелектуален знак со огромна независноста од која произлегува интуциија која е водена од логика, што не постои кај другите знаци. Водоолите се многу способни да ги гледаат двете страни на секоја ситуација што ги прави личности кои одлично ги решаваат проблемите. Иако се многу прилагодливи кон енергијата која ги окружува, тие имаат длабока потреба одредено време да бидат сами и далеку од сите за да ја обноват својата енергија. Клучниот збор за родените во овој знак е фантазијата. Тие можат да видат многу можности онаму кадешто другите не забележуваат ништо.
Водолијата е воздушен знак и како таква го користи својот ум во секоја ситуација. Доколку не постои ментална стимулација, ним им е досадно и им недостасува мотивација за да постигнат најдобри резултати. Уран – владеачката планета на овој знак на родените во овој знак им дава визионерски квалитети, па така тие се во можност да проникнат во иднината и точно да предвидат како ќе биде по пет или десет години. Уран им подарува и моќ за брза и лесна трансформација, па тие се познати како мислители, прогресивци и хуманисти. Добро се чувствуваат во група или заедница и ги обожаваат луѓето.
Водолијата е символ на чуварот на водата, вода која ги лечи билките, животните и луѓето и осигурува дека животот ќе продолжи. Затоа, тие се во состојба да направат многу за да ги одржат работите во живот и се големи борци за себе и оние кои ги сакаат.
Најголемиот проблем за Водолиите претставува чувството дека се ограничени. Поради желбата за слобода и еднаквост, тие секогаш тежнеат кон слобода на говор и движење за себе. Имаат репутација на студени и бесчувствителни личност, но тоа е само нивниот одбрамбен механизам против претерана блискост.
Во љубовта, Водолиите ништо не може да ги привлече повеќе од интересен разговор со некоја личност. Кога станува збор за љубовта, личностите кои не ја сфаќаат лесно нивната искреност, им одговараат најмногу. Отвореност, подготвеност и комуникативност се квалитетите на родените во овој знак.
Иако тие се многу комуникативни, сепак им е потребно многу време за да се зближат со луѓето. Тоа е така бидејќи се многу чувствителни и претпазливи и за нив блискоста претставува ранливост. Во пријателите најчесто бараат квалитети како креативност, интелект и чесност.
Тие ја сакаат работата и во неа внесуваат многу ентуизајзам. Кариерата која овозможува развој им одговара многу. Клучниот збор во работата за нив е „знам“. Водолиите ги инспирираат луѓето во нивното работно окружување поради нивната креативност и подготвеност да го поделат својот талент и знаење.
Помеѓу јавните личности кои се познати и богати, а се во знакот на Водолија се: Опра Винфи, Џенифер Анинстон, Ештон Кечер, Боб Марли, па дури и некогашниот американски претседател Рузвелт.