Овен (21.03 – 20.04)
Денес ќе имате многу работа и ќе бидете под огромен стрес, пронајдете начин како да се смирите. Денот ќе биде одличен за слободните, тие насекаде ќе наоѓаат шанси за добра врска. Оние во врска ќе имаат проблеми.
Бик (21.04 – 21.05)
Полето за работа е прилично лошо. Можно е да направите бројни грешки, кои можат скапо да ве чинат. Една личност се обидува да ви се приближи но вие сте премногу затворени. Зафатените можат да очекуваат променлив однос од партнерот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Пред вас е еден многу динамичен ден. Чувствувате дека е потребно вашата енергија да ја насочите во еден крупен проект. Иако сте личност која повеќе сака да филозофира отколку да работи, денес ќе ги завртите ракавите и ќе се фрлите во акција.
Рак (22.06 – 22.07)
Дали некогаш за себе сте размислувале како за водич? Денес е одличен ден да ги преземете работите во ваши раце. Започнете некој проект во кој вие ќе имате главен збор. До израз ќе дојде вашата силна страна како и харизмата која ве краси. Само храбро, ова е нов почеток во вашиот живот.
Лав (23.07 – 22.08)
Постојат многу напнатости во воздухот околу вас. Можеби ви се чини дека никој не ве слуша и сите само ви ја исцрпуваат енергијата. Ќе делувате дефанзивно и на моменти прилично луто и агресивно. Веројатно досега блиските лица не ве виделе во такво светло, па нивните реакции ќе бидат различни.
Девица (23.08 – 22.09)
Во себе носите дарба за решавање и смирување на луѓето во кризни ситуации. Ако ова не е дел од вашата работа би требало да размислите како да заработите пари од овој ваш талент. Планетарната енергија ќе ве упати на конкретно размислување за тоа прашање.
Вага (23.09 – 22.10)
Вие сте специјалист кога станува збор за врските. Имате посебна енергија кога се во прашање вашите односи. Денес сепак би можеле да дојдете во ситуација да се запрашате дали блиските лица ве сакаат помалку од претходно. Можеби како прашање ќе ви звучи чудно, но во тоа се крие нешто подлабоко.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Обично сте полни со енергија, но денес ќе почувствувате дека таа изостанала. Не се грижете поради тоа. Ќе имате повеќе време да си го посветите на себе и на своите желби и потреби, особено кога станува збор за љубовта.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не ви е лесно да дојдете до своите цели. Ниту денес нема да ви биде полесно. Веројатно ќе се чувствувате разочарано од својот живот и насоката во која се движите. Ќе ви биде многу полесно доколку се запрашате дали живеете на начин кој ве води до остварување на целите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Чувството на одговорност е катализатор на вашата мотивација. Но што се случува кога ситуацијата ќе излезе надвор од вашата контрола и вие не можете да направите ништо за да го промените тоа. Понекогаш едноставно морате да си признаете дека не можете да контролирате се околу себе, особено не семејството и пријателите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес би било пожелно малку да запрете кога станува збор за вашата работа. Земете си доволно слободно време и простор за да согледате на кого точно можете да му верувате, а на кој не кога станува збор за кариерата. Бидете внимателни, некој ви крои злобни нешта зад грбот.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес запрашајте се колку работата со која се бавите ве интересира и радува. Дали таа ги исполнува вашите длабоки желби. Ситните проблеми на кои наидувате веројатно се одраз на вашето незадоволство. Размислете што би требале да промените со цел да се промени и енергијата околу вас.