Судбината му има подарено дарба на секој знак: На Близнаците знаењето, на Вагите љубовта

0

Судбината на секој хороскопски знак му подари дарба која Господ им ја доделил.

Овен – На тебе ти го давам ова семе за да ја имаш таа чест пред сите да го посееш. За секое семе кое што ќе го посееш, во твојата рака ќе се умножи барем милион пати. Но нема да имаше време да гледаш како секое семе расте, затоа што ќе пораснат повеќе билки од што си планирал. Ти ќе бидеш првиот кој со мојата идеја е допреш до умот на луѓето. Твојата работа нема да биде да ја негуваш таа идеја ниту да ја преиспитуваш туку да создаваш луѓе свесни за моето постоење. Твојот живот ќе биде акција, акција и само акција. Поради твојата предадена работа, како подарок ти ја давам САМОДОВЕРБАТА.

Бик – Ти ја подарувам моќта да создадеш семе од материја. Ти доверувам голема рабата која е бара многу трпение, зошто ќе мора да го довршиш сето тоа што си започнал или семето ќе отиде во неповрат. Додека не ја завршиш својата задача, немој да се двоумиш или потпираш на другите. Затоа ти дарувам СИЛА, а ти мудро искористи ја.

Близнаци – Тебе ти давам прашања без одговор за да ги споделиш со другите и така тие да го сфатат сето она што ги опкружува. Ти никогаш нема да знаеш поради што луѓето зборуваат или слушаат, но во твојата потрага по одговорите ќе го најдеш мојот подарок на ЗНАЕЊЕТО.

Рак – Тебе те задолжувам луѓето да ги подучи на чувствата. Благодарение на мојата идеја, ти кај нив е предизвикаш смеење и солзи за да сфатат дека се што гледаат и помислуваат настанува од внатре, од длабочината на душата. Ти го дарувам СЕМЕЈСТВОТО за да својата исполнетост може уште повеќе да ја зголемиш.

Лав – Твојата задача ќе биде на целиот свет да му укажеш на моето постоење во полн сјај. Сепак, мораш да бидеш внимателен, не премногу горд и никогаш не заборавај дека јас сум таа која го создаде светот и се во него, а не ти. Доколку тоа го заборавиш, луѓето ќе те презираат. Работата која ти ја доверив е забавана и радосна, но под услов правило да ја извршуваш. Затоа ти ја подарувам ЧЕСТА.

Девица – Тебе ќе ти доверам да испиташ што целото човештво направило со тоа што го создадов. Треба да ги надгледуваш сите луѓе како и што прават и да ги потсетуваш на нивните грешки. Поради тоа што ќе го правиш во мое име ти ја подарувам ЧИСТОТАТА НА МИСЛИТЕ.

Вага- Твојата мисија ќе биде да служи, за да луѓето во тебе видат пример и бидат грижливи кон другите. На тој начин и ќе научат дека мораат сите заедно да соработуваат, но и да мислат како тоа што го прават може да влијае на другите. Ќе те праќам секаде каде што има неслога, а за возврат ќе ти ја подарам ЉУБОВТА.

Шкорпија – Ќе имаш мошне тешка задача. Ќе знаеш што мислат другите, ќе можеш да продреш во нивниот ум, но јас нема да ти дозволам да зборуваш за тоа што го научиле. Ќе има многу случаи кога ќе те заболи тоа што го гледаш и во целата таа болка ќе се свртиш против мене и ќе ја заборавиш дека тоа не сум јас туку темната форма на мојата идеја која предизвикува болка. Ќе видиш многу, како луѓето се однесуваат како животни па и самито ќе се бориш со тоа животинското во себе и ќе се изгубиш, но кога конечно ќе се вратиш на вистинскиот пат и на мене ќе ти подарам ВОЗВИШЕНА ЦЕЛ.

Стрелец – Од тебе барам да ги научиш луѓето да се смеат за да не станат огорчени зошто не ја разбираат идеја. Благодарение на смеењето ќе им подариш надеж, а надежта ќе ги поттикне повторно да го свртат нивниот поглед кон мене. Ќе влијаеш на многу животи, макар и на миг но ќе го спознаеш и немирот кој постои во секој човек. Затоа ти подарувам бесконечна БЛАГОСОСТОБА која ќе можеш да ја шириш насекаде и со светло да го допреш секое катче каде лежи темнината.

Јарец – Твојата задача нема да биде лесна, зошто ќе мораш да ги подучиш луѓето што да прават. Често ќе го носиш целиот товар на светот на своите раменици, зошто тој товар содржи ОДГОВОРНОСТ на твоите браќа и сестри – која ја ставив во твоите раце како мој подарок.

Водолија – Тебе ти го дарувам концептот на иднината за да луѓето увидат дека имаат неколку можности во животот. Ќе ја почувствуваш болката на осаменоста, затоа што не ти дозволив да ја персонифицираш мојата љубов. Но затоа што на луѓето им го насочуваш вниманието на новите можности, ти ја подарувам СЛОБОДАТА така што можеш да продолжиш да му помагаш на човештвото каде и да биде потребна твојата помош.

Риби – Тебе ти ја давам најтешката од сите задачи. Ќе ја собереш целата тага на светот и ќе ми ја врати на мене. Твоите солзи на крајот ќе бидат само мои. Благодарение на тие солзи ќе го апсорбираш учинокот на човекот неразбирање на мојата идеја, но ќе сочувствуваш со нив и ќе ги натераш сепак да се обидат да сфатат. Затоа што ја имаш најтешката задача, ќе ти го дадам и најголемиот подарок – ти ќе бидеш единственото дете од вас дванаесетмина кое ќе ме разбере. Овој подарок на РАЗБИРАЊЕ ти го давам зошто ќе ти значи кога ќе се обидуваш да го прошириш помеѓу луѓето и кога нема да сакаат да те слушаат.

Претходна статијаНаум Петрески: Немаше посреќен човек од мене кога дознав – внуката нека биде убава на мама
Следна статијаПо 10 години потрага Елена од Неготино си ја пронајде мајката: Ми се јави и ми рече, моја си!