Што последната цифра од годината на раѓање открива за вашата судбина

0

Година во која сме родени игра значителна улога во нашите животи. Сепак, најважна е последната цифра од годината на нашето раѓање.

Секој број има соодветен елемент, а тоа се метал,, огин, земја, дрво и вода. Овие елементи го откриваат и карактерот на личноста, нејзините навики и уште многу нешта. Ајде да откриеме кој елемент сте вие и што тоа зборува за вас. На пример ако сте родени 1987 година, вашиот број е 7, а неговиот елемент е огин.

Елемент #1:Метал (0-1)

Овие личности имаат силен карактер и се отпорни. Имаат слободен дух, но резервирани затоа што сакаат да го живеат животот по сопствените правила. Копнеат да живеат во доследност и љубов. Тие точно знаат што сакаат и ќе сторат се да ги остварат своите цели и амбиции. Во меѓувреме, нивните недостатоци се желбата за моќ, луксузни работи и многу пари. Решителни се и не толерираат пропусти.

Елемент #2:Вода (2-3)

Личностите родени под елементот вода, покажуваат сочувство и симпатии за другите луѓе. Поседуваат одлична имагинација и снаодливост, што ги прави успешни во кариерите поврзани за уметноста. Имаат одличен инстинкт и одлично забележуваат детали.

Елемент #3: Дрво (4-5)

Личностите родени под овој елемент се полни со самодоверба и се многу вредни. Оригинални се, сакаат нови искуства и сонуваат да го откријат светот околу себе полн со загатки и бизарни места. Никогаш не се себични и егоистични.

Елемент #4:Оган (6-7)

Родените под елементот оган се вистински авантуристи и сонуваат за пат околу светот. Имаат навика избрзано да влегуваат во работите. Љубезни се по природа и секогаш знаат како да ги привлечат луѓето.

Елемент #5:Земја (8-9)

Овие личности се решителни и доверливи. Разумно ќе ја разгледаат секоја работа и никогаш нема непромислено да делуваат. Сакаат дисциплина и ред и животот го живеат според сопствен план. Стравот од непознатото е нивен најголем страв.

Претходна статијаШто ви е потребно за да добиете канадско државјанство
Следна статијаОмилен кај фолк пејачките – погледнете како изгледал Саша Поповиќ кога бил млад