Само жената во овој хороскопски знак не игра по туѓи правила, туку поставува свои

0

Таа е егзотична и магнетски привлечна, како длабоко море и зависно од нејзиното расположение, мирна или бурна како море.

Скорпијата има брилијантна интуиција и ја привлекуваат езотерични, окултни или духовни искуства, кои нудат одреден вид на длабок увид. Таа е директна, брилијантно препредена и продорна, бестрашна и тврдоглава. Ќе ги совлада сите пречки во животот и ќе се соочи со проблемите со дигната глава и ќе продолжи понатаму.

Малку мрачна, прилично таинствена и магнетски привлечна – тоа е жената Скорпија. Секако, таа добро знае дека мажите сакаат да веруваат дека тие заведуваат и освојуваат, па затоа паметно ја игра својата улога. Не дозволува да биде измамена, зашто правилата на игрите ги одредува самата.

Нејзиното најсилно оружје е нејзиниот неодолив поглед кој немилосрдно го руши и најтврдиот оклоп. Мажот кој ќе ѝ се приближи да ја заведе со лаги, брзо ќе се откаже, затоа што ќе се растопи од тие неодоливи очи. Наместо со зборови, таа ги крши машките срца со својата нескротлива енергија.

Драги мажи, не очекувајте оваа жена да ви се „закачи“ околу вратот и пред пријателите да ја прикажувате како ваш трофеј. Таа секогаш ќе биде воздржана и јасно ќе ви даде до знаење дека треба да се чувствувате среќни што ве одбрала токму вас.

Ако ја повредите, подгответе се да ја запознаете нејзината мрачна страна. Таа е злопамтило, никогаш не заборава и тешко простува. Дури и кога другите ќе ја убедуваат да заборави, таа и понатаму ги памети оние кои ја повредиле. Кога сака, сака со целото свое битие и истото го очекува од својот партнер.

Ако сте во врска со жена Скорпија, запаметите дека за вас смее да постои само она, и тоа подеднакво физички и психички. За неа не се модерни врски каде што секој партнер го задржува својот дел на слобода. Таа сака врска со маж кој ќе биде само нејзин, додека смртта не ги раздели.

Таа е директна, брилијантно препредена и продорна, нестрашлива и твдролгава, ќе успее во секоја животна препрека. Со проблемите се соочува со крената глава. Сака јасни почетоци и јасни краеви. Самоуверени, снаодливи и силни, Скопионките се одлучни да успеат. Не бегаат од напорна работа, подготвени се и на многу жртви за да стигнат до цел. Скоприонките се силно љубоморни, како ниеден друг знак.

За предавство, го сметаат и малиот флерт на партнерот. Во љубовта бараат комплетна верност, предаденост и страст. Она што тие се подготвени да го дадат постојано. Како пријател, може да биде и најдобра и најлоша. Верноста ги карактеризира и во овој случај. Предавство не заборават, ама баш никогаш. Ако ѝ докажете дека сте благодарен другар, ќе ви биде верна до гроб. Озборувања не сака ни да слуша, ни да шири.

Жената Скорипион лесно се приметува. Ја краси фатална убавина. Кога ќе влезе во соба, сите ја гледаат. Главно има темна боја на коса, сензуални усни и заводлив глас.

Во прилог на изгледот и нивниот инстинкт за мода, зборува фактот дека главна уредничка на модната Библија „Вог“, Ана Винтур е Скорпија. Покрај неа тука се и Тилда Свинтон, Деми Мур, Ема Стоун, Џулија Робертс, Грејс Кели и други.

Претходна статијаЉубовта на овие хороскопски знаци ќе им цвета во 2019 – Очекувајте понуда за брак
Следна статијаСреќно цвеќе кое мора да го имате дома – шири позитивна енергија и привлекува пари