Лошо ќе ви почне годината – Во првиот месец од 2019 три хороскопски знаци ќе имаат многу тежок период

0

Близнаците ќе имаат проблеми во љубовта, Вагите ќе го запостават семејството, а Водолиите ќе платат за своите лоши постапки од периодов.

Сепак, ако сте свесни за овие нешта и ако добро „изиграте“, можете да ги избегнете сите овие проблеми и да го претворите јануари во незаборавен месец.

1. Близнаци: Пазете се од токсични врски

Многу нешта ви се случуваат во вашиот љубовен живот периодов, но и покрај целата возбуда, дали сте подготвени да се
посветите на еден партнер? Не го сфаќајте ова погрешно, Јупитер ќе ве благослови со љубовна поврзаност подоцна во текот на годината, но внимавајте да не избрзате со врска за којашто не сте сигурни. Сонцето ќе се сретне со Сатурн и Плуто во вашата осма куќа на сексот и трансформацијата, а очекувајте и еклипса. Внимавајте, и не споделувате ништо предвреме.

2. Вага: Многу нешта ви се случуваат на лично ниво

Да, вие сте потрошиле многу време и фокус на вашата кариера и сè што сте постигнале ви е заслужено, но што се случува во вашиот дом? Можеби е време да се посветите со истиот интензитет и на вашите сакани. Вие сте единствените што можете да ја донесете оваа одлука, па не заборавајте дека балансот е клучен за здрав живот. Живејте во моментот и посветувајте повеќе време на саканите.

3. Водолија: Кармата ќе ве нападне

Можете да бегате, но не можете да се скриете од кармата. Не сакаме да ве исплашиме, туку да ве потсетиме дека е време да погледнете кон себе и кон вашето однесување. Можеби се чувствувате изгубено во моментов, можеби сè ви делува замаглено, но нештата се случуваат токму онака како што треба за да ве одведат кон вистинскиот пат.

А овие два хороскопски знаци во Јануари ќе имаат многу успех и среќа.

Овен

Среќата на работа нема да ве напушти ниту во јануари. Новиот производ, проект, реклама, опрема или страна ќе биди она што најмногу ќе ве преокупира во првите две недели од јануари. Во овој период, особено ќе просперира бизнисот. Ќе бидете подготвени за тимска работа и тоа позитивно ќе влијае врз развојот на вашата кариера. Одлично здравје, кондиција и енергија.

Бик

Пред вас е одличен работен месец во кој ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација која беше прилично лоша минатиот месец. Кога сметката на банката ќе биде доволно добра, многу Бикови ќе се одлучат да инвестираат во реновирање на работниот простор и рекламите. Добра здравствена состојба иако со текот на времето ќе имате помалку енергија.

Претходна статијаСузана Јовановиќ искрено за бракот со Саша Поповиќ: Друга жена на мое место досега ќе го оставеше
Следна статијаУтрешниот ден ќе биде навистина среќен за овие хороскопски знаци