Аца Лукас искрен: Јас сум виновен што татко ми повеќе не е со нас

0

Фолк пејачот Аца Лукас првпат проговори за деновите поминати во затвор. Тој беше приведен за време на акцијата „Сабја“ во 2003 година.

Пејачот беше обвинет за поседување на оружје без дозвола. Кога полицајците дошле да го приведат пикштолот го криел во чантата на сопругата. Тие три месеци вели дека му го промениле животот и дека секогаш ќе се среќава на првата средба со затворениците кои не можеле да поверуваат дека навистина е тој.

– Ме донесоа во затвор околу три-четири часот изутрина. Никој од затворениците не знаеше. Кога влегов во ќелијата прво барав каде има слободен кревет. Бев преморен и веднаш заспав. Кога се разбудив гледам четири глави гледаат во мене и се обидуваат да откријат дали сум сум јас – открива пејачот.

Тој вели дека нема да го заборави односот на стражарите кои многу го малтретирале.

– Поради мене еден ден сите не изнесоа надвор. Не наредија во ходник и не соблекоа до гола кожа. Почнав да урлам. Тогаш седум полицајци дојдоа до мене и ми се обратија “Што ќе правиме сега?“ Јас им одговорив “малку си горе малку си доле“ – откри Лукас.

Иако за некои излегувањето од затворот значи слобода, пејачот вели дека по излегувањето од затвор животот му се претворил во пекол.

-Се одреков од правото на жалба и отидов во Падинска скела. Таму бев како на бања, можев да излезам надвор и да тренирам. Кога излегов од затвор, бев бесен, лошо се чувстував и доживеав семејна трагедија, улмре татко ми. Никогаш да не се повтори, рече Аца Лукас во емисијата.

Фолк пејачот Аца Лукас го загубил својот татко само еден месец откако излегол од затвор.

Болката не може да ја сокрие ниту по 14 години и тврди дека тогашната влада го умрела татко му.

„Јасно е дека еден месец по моето излегување од затвор татко ми подчина. Беше болен, но најверојатно тоа немаше така да заврши доколку не се случеше она. Тоа беше заради тоа што не можеше да поднесе неговиот син да е во затвор. Беше убеден, дека ако сум во затвор јас сум крив. Не сфаќаше дека може да седиш во таква установа без причина“, изјавил Лукас.

Иако во изминатите две сезони беше еден од најинтересните членови на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Аца Лукас во моментов не е дел од актуелната сезона, а неговото место го замени Ѓорѓе Давид.

Меѓутоа, Вуксановиќ нема се уште изградено мислење за својата замена, бидејќи како што вели шоуто не го гледа.

-Па јас не гледав „Ѕвездите на Гранд“ ни кога бев во жирито, но мислам дека Давид ќе биде одлична замена за мене. Иако сите сме личности сами за себе и никој никого не менува. Давид го знам повеќе од 35 години, уште од периодот кога свирев со Викторија. Тој е добар дечко, вистински лик и супер ќе се снајде. Него го познавам подобро од сите членови во жирито, подобро и од Саша Поповиќ, вели Лукас за „Свет“.

Тој ја искористил можноста и да прокоментира за Поповиќ.

-За Поповиќ мислам се најдобро, тој е мој голем пријател и секогаш така ќе остане, со него никогаш не сум имал проблем. Целото негово семејство е супер, и сопругата и децата, за нив можам само добро да кажам, вели Лукас.

Претходна статијаЉубоморниот Харис не ја пушта Радмила да пее за Нова Година во Швајцарија
Следна статијаМакедонската пејачка скршена од болка: Росана тагува за својот брат, болат празниците без него