Македонската пејачка скршена од болка: Росана тагува за својот брат, болат празниците без него

Пејачката Росана Сариќ Тодоровска на нејзиниот профил на „Фејсбук“ сподели емотивна порака за покојниот брат.

– За жал, после толку години за првпат мојот ангел, мојот брат нема да ми се јави и да ми каже: „Сестро, среќни празници“.

loading...

Толку боли, многу боли.. ангелу мој. Почивај во мир, а јас и ние во душата и срцето сме со тебе..

Не сакам ништо во 2019 освен здравје и никој повеќе од моите најсакани да не ми биде одземен- напиша Росана.

Популарната пејачка која сега работи во книжарницата „Култура“, годинава по подолга пауза ѝ се врати на музиката. Со својот пријател и колега, фолк-пејачот Горан Тодоровски, ја издаде песната „Мое сѐ“.

– Бев тажна. Емоции се во прашање. А имам песна која се подготвувам да ја снимам во поскоро време, и ќе му ја посветам на нашиот ангел, на нашиот брат кој многу рано не напушти.

Песната се вика „Два живота“. Текстот е да плачеш, да врескаш, но тоа е судбината. За прв пат во кариерата посветувам песна на некого. Чувствувам дека треба и мора, особено што и нашиот ангел беше одличен музичар во секоја смисол на зборот. Музиката му беше сѐ во животот – претходно ни раскажа Росана.

Таа последниве месеци ужива во улогата на баба. Нејзиниот внук Ноа од ќерката Ивана и од зетот Џејмс, на 9 јануари ќе наполни шест месеци.

loading...