Во текот на денов територијата на државава подпадна под најавениот Медитерански циклон ОЛИВИЈА и истиот условува врнежи од снег на повеќе места каде е формирана и потенка снежна покривка на пониските места и тоа во Битола, Прилеп, Македонски Брод и во Кичево, пренесе Славчо Поповски.
На повисоките места и на планините снежната покривка веќе локално изнесува дури и до околу 30 сантиметри. До крајот на денов ќе има поинтензивни врнежи, во западните и во југозападните предели ќе бидат од дожд и снег, локално има услови и за влажен снег, на повисоките места и на планините ќе паѓа само снег каде ќе дојде до понатамошно позначително зголемување на веќе постоечката снежна покривка.
Во југоисточните предели ќе има врнежи само од дожд. Температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината што значи ќе биде невообичаено студено за овој период.
Доколку планирате да патувате во текот на попладнево и вечерва ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да понесете зимска опрема, секако КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ како се движите и исто така да се движите со намалена брзина поради зимските услови на патиштата и тоа особено на планинските превои во државава.
Извор: Република