Тежок викенд ги чека родените во овие знаци од Зодијакот

0

ОВЕН

Викендов ќе се исклучите од сите проблеми што ги носи работата и ќе му се посветите на партнерот. Многу ќе ви биде важно да постигнете хармонија во заедничките односи и ќе го задоволувате на секој начин. Во мислите ќе се вратите на сите романтични моменти во животот и ќе се обидете да ги обновите. Можеби ќе посакате и да го изненадите партнерот со неделен ручек во некој нов екстравагантен ресторан во центарот на градот. Што и да решите, ви претстојат убави денови со многу љубов и внимание.

БИК

По напорната работна недела имате два дена кои целосно ќе ги посветите на себе. Мислите дека сте го запуштиле својот надворешен изглед и токму сега е време да поправите некои работи. Ќе размислувате дека е крајно време да започнете со диета за да се ослободите од килограмите кои се натрупале во текот на празниците. Оние со подлабок џеб ќе решат да го поминат викендот во некој СПА центар каде што целосно ќе се релаксираат и ќе ја обноват енергијата.

БЛИЗНАЦИ

Изминатиов период навистина ви беше тежок. Имавте осет како да одите наназад. Тензијата полека попушта и вие ќе посакате да се забавувате. Овој викенд ќе го поминете во дружење со многу пријатни личности кои сосема одговараат на вашиот сензибилитет. Не е исклучено ни да ви се случи љубов. Во потрага по забава ќе посетите повеќе кафулиња каде што се собира многу убав и пристоен свет. Во едно од нив ќе забележите некој што се издвојува по својот шарм и убавина.

РАК

Пред вас се нови предизвици, но вие се двоумите дали воопшто треба да го прифатите она што ви се нуди. Ова е тешко време за одлуки, но сепак добро размислете затоа што непријателите не спијат. Некој од нив би можел да ви направи неочекувани проблеми. Ако сте слободни, можно е познанство на пат или на некое семејно собирање. Доколку сте во брак, партнерот во моментов размислува само за финансиите и воопшто не обрнува внимание на вас.

ЛАВ

Доколку не сте сигурни во некоја работа, не ја објавувајте во јавност и не се експонирајте премногу. Колку луѓе помалку знаат за вашите планови, толку ќе биде подобро за вас. Бидете внимателни како се однесувате кон еден постар член од семејството. Можно е несакајќи да го навредите. Ако сте сами, овие денови ќе почнете да размислувате за една личност која ја познавате кратко време. Иако сметате дека не можете да се вљубите и дека цврсто стоите на земја, можно е да се изненадите од самите себе.

ДЕВИЦА

Многу работевте и овие два дена ќе сакате да ги поминете во вистински и релаксиран одмор. За вас е познато дека сте штедливи, но сега ќе решите да го одврзете кесето и да го одведете друштвото на вечера. Сите ќе бидат изненадени од темите кои ќе ги изберете за разговор. Работата воопшто нема да ја спомнувате, што е невообичаено за вас. За промена ќе зборувате за љубов и за убавина. Ќе бидете полни со такт и внимателно ќе се однесувате кон сите.

ВАГА

Веќе подолго време сте заинтересирани за една личност со која соработувате на работното место. Викендов ќе посакате да го продолжите дружењето и надвор од канцеларијата. Ќе сакате да се прикажете во најдобро светло и затоа првиот ден од викендот ќе се посветите на себе. Внимателно ќе ја избирате гардеробата, а фризерот секако се подразбира. Во недела ве очекува средба која ќе ги исполни сите ваши надежи. Ова ќе ви биде еден од најубавите викенди.

СКОРПИЈА

Овој викенд ќе сакате да го поминете со саканата личност на некое тајно место, далеку од туѓите погледи. Едноставно ќе сакате да бидете сами и ќе направите се за никој да не ве вознемирува. Но, внимавајте на своето однесување. Немирот се наоѓа во вас, а не надвор од вас. Премногу сте заљубени, не размислувате рационално. Овој викенд нема да ве ослободи од сомнежите. Кога ќе завршат овие два дена, може да се чувствувате празно и осамено. Не можете никого да контролирате, само опуштете се и уживајте.

СТРЕЛЕЦ

Одамна не сте спортувале и веќе имате потреба да отидете некаде каде што ќе бидете физички активни. Пријателите ќе се двоумат, ама вие ќе ја употребите својата моќ за убедување и ќе ги наговорите. Викендот ќе го поминете во некој скијачки центар каде освен што ќе спортувате и ќе се дружите. Обрнете внимание на една личност што случајно ќе се најде во вашето друштво. Таа ќе го употреби целиот шарм што го има за да ве освои.

ЈАРЕЦ

Ве обвинуваат дека сте многу сериозни и посветени на работата, а во последно време и дека живеете во свој свет и дека нејасно се изразувате. Овој викенд ќе посакате да ги подобрите односите со партнерот и некаде да отпатувате. Многу сте романтично расположени и ќе посакате да отидете на некое место покрај вода. Ќе се потрудите да бидете многу тактични и ништо нема да ве исфрли од рамнотежа. Внимавајте како возите и не консумирајте алкохол. Во ова време од годината можни се секакви изненадувања на патиштата.

ВОДОЛИЈА

По една долга и успешна недела убедени сте дека сте заслужиле малку одмор. Во последно време имавте некои несогласувања со саканата личност и за време на викендот ќе се обидете да ги смирите работите. Полни со самодоверба ќе предложите пат во странство што со задоволство ќе биде прифатен. Партнерот ќе биде изненаден од вашата смиреност и тактичност и ќе се обиде да не се навраќа на старите расправии. Ѕвездите ви се наклонети, искористете го моментот.

РИБИ

За да си ја вратите самодовербата, овие два дена ќе решите да не влегувате во непотребни конфликти со партнерот. Овој викенд ќе сакате да блеснете во потполн сјај. Многу внимание ќе посветите на својот надворешен изглед. Првиот ден од викендот ќе го поминете во шопинг. Осетот за убави работи ви е изострен и нема да згрешите што и да купите. Вака добро расположени ќе сфатите дека и вие понекогаш грешите и дека партнерот не е за се крив.

Претходна статијаСине мој, јас сега заминувам, а оваа снимка ќе ја пуштиш како мој подарок за Божиќ
Следна статијаРомантична исповед на Зејнеп од „Карасевда“: Неверојатно запросување добила од познатиот актер