Стевче Јакимовски: Македонија поизгубен министер за финансии ниту имала ниту ќе има

0

Оваа Влада е тотално неспособна и неснаодлива затоа што во време кога ние треба да го носиме новиот буџет за 2019 година ние се занимаваме со ребаланс на буџетот од тековната година, рече претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во емисијата “Отворено студио“ на телевизија Шења запрашан за економската состојба во државата.

– За каква власт зборуваме говори фактот што кога во Република Македонија ребаланс се правел на 15 ноември, никогаш, сега на 15 ноември ние треба да го носиме новиот буџет за 2019 година.

Кога тие што сте направиле ребаланс ќе можете да го имплементирате, ако на пример треба да се направат јавни набавки, кога тое ќе се спроведе до 31 декември. Ако не ги потрошите парите тие одат се мобилизираат во Народна банка. Ова зборува за тотална несподобност и неснаоѓање на една Влада, рече Јакимовски.

Јакимовски истакна дека Република Македонија по изгубен министер за финансии ниту имала ниту ќе има.

– Ни се случи да не се искористени 90 милиони евра за капитални инвестиции. Не ни беше јасно дека нема да бидат искористени со тоа што запреа изградбите на автопатиштата и се она што се капитални инвестиции.

И ја запрае од изговорот дека наводно проектите не биле добри а уствари да можат да ги избркаат фирмите кои што работат и да донесат нивни фирми, односно нивни подизведувачи. Тоа беше главната финта, но тоа што трпи цела економија, тоа што трпи цело стопанство тоа на нив не им е важно, констатираше Стевче Јакимовски.

Јакимовски додаде дека нема поголемо кривично дело и поголемо злоод тоа да распишете обврзници, да ги земете парите од банките, за тоа да плаќате камати и во исто време да не ги потрошите. И се поставува прашањето ги зеле тие пари, зошто распишувате обврзници кога не можат да ги потрошат, зошто плаќате камати, додавајќи дека треба да ги пресметаме колку се трошоците за тие камати а за тоа некој треба да сноси одговорност.

Претходна статијаЕлена Ристеска се врати од Америка и се огласи по гласините за новото момче
Следна статијаКатица Јанева убаво си го вработи синот и тоа во телевизијата на Боки 13