Со стихови на Пушкин, Милошоски упати посвета до колегата пратеник кој “липал како мало дете” после гласањето

0

Пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави посвета до „пратеникот кој по гласањето липаше како мало дете по Собраниските ходници“, во стиховите од Пушкин

“ДАВЕНИКОТ

А во народот се збори,

Сека година, в исти ден,

Несреќникот грев што сторил

На страшниот гост е плен”

Овие стихови од Пушкин му ги посветувам на пратеникот кој ноќта на “срамниот Петок” (ден 19ти Октомври), после притисокот и принудното гласање ЗА, низ собраниските ходници липаше како дете.“ – напиша Милошоски на својот ФБ профил

ДАВЕНИКОТА во народот се збори,Сека година, в исти ден,Несреќникот грев што сторилНа страшниот гост е плен.Овие стихови од Пушкин му ги посветувам на пратеникот кој ноќта на "срамниот Петок" (ден 19ти Октомври), после притисокот и принудното гласање ЗА, низ собраниските ходници липаше како дете.

Публикувахте от Antonio Miloshoski в Неделя, 4 ноември 2018 г.

 

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставни измени. „За“ гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во предмети на СЈО и тоа Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски. Василевски, Арнаудов и Мукоски се обвнети за настаните од 27 април и тие оваа недела беа ослободени од куќен притвор, а Судот им определи мерки на претпазливост. Екс-министерката за култура, пак, е обвинета во предметот „Тендери“.

За гласаа и Владанка Авировиќ, Емилија Алекснадрова, Нола Исмајловска и Заќир Рамчиловиќ.

39 пратеници гласаа против.

 

Претходна статијаСпиев со над 20 духови, тие се подобри од живите мажи (ВИДЕО)
Следна статијаНаде од Скопје: Јас навистина ќе стигнам во Бардовци со тројцава мои мажи дома