Никола Груевски се бара со потерница

0

По налог на Кривичниот суд, МВР издаде потерница по екс премиерот Никола Груевски.

“Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница.

Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата” -се наведува во информацијата.

Судскиот курир од утрово се обидел да го пронајде на домашната адреса, но безуспешно.

Адвокатскиот тим на Груевски со молбата и жалбите ги исцрпе редовните правни акти за одложување на казната затвор. Останува вонредното барање за преиспитување на пресудата, кое е поднесено до Врховниот суд. Меѓутоа, од Кривичен предметот не беше испратен бидејќи чекаа да се комплетираат материјалите со жалбата од екс министерката Гордана Јанкулоска, исто така осудена за блиндираниот „мерцедес“, која таа ја поднесе на 6 ноември.

Како што информираа од Врховен за Плусинфо, до овој момент кај нив не пристигнале никакви материјали.

Од адвокатскиот тим на екс премиерот велат оти немало потреба да се чека толку долго за предметот да стигне во рацете на врховните судии.

– Ние сме поднеле барање, очекуваме во најкраток можен рок да се препрати за да не се повредува одбраната на обвинетиот. Ние и до сега очекувавме од судот да го сторат тоа, уште повеќе во моментов на поднесување да се даде предметот во Врховен. Дали за другиот предмет ќе се дадеше жалба или не, тоа е ирелевантно бидејќи тоа е друг предмет – велат од адвокатскиот тим на Груевски.

Во игра за спас од затвор е и претседателот Ѓорге Иванов, кој веќе доби писмо со барање за помилување. Тоа беше испратено од страна на демонстрантите кои излегоа на протест пред Кривичен на 7 ноември минатата недела.

Дали Иванов го разгледал барањето, кој е неговиот став и размислува ли воопшто за помилување на поранешниот премиер, прашавме во неговиот кабинет веднаш по обелоденувањето на барањето, но одговорот сѐ уште го очекуваме.

Законот за помилување, пак, предвидува дека молба до Иванов за Груевски да биде помилуван може да поднесат неговата сопруга, роднина по крв во прва линија, брат, сестра, посвоител, посвоеник, хранител или старател. Таа се поднесува до судот кој треба да ја проследи до претседателот.

Претходна статијаУбави и радосни вести за Дарко Лазиќ – откриено каде ќе заврши за десетина дена
Следна статијаЌе ви го стопли срцето: Цели 60 години сопругата сокрила тајна од сопругот