Убави и радосни вести за Дарко Лазиќ – откриено каде ќе заврши за десетина дена

Дарко Лазиќ, кој 21 ден се наоѓа на Интензивна нега во Земун, после тешката сообраќајна несреќа, според извори на српски курир, се чувствува подобро и наскоро би требало да ја напушти шок собата.

– Дарко зa десетина дена би требало да биде префрлен од интензивна нега во апартман. По излегувањето од болницата, семејството планира да го испрати во бања поради опоравување на ногата и размислуваат тоа да биде некаде во странство- рекол извор од болницата.

Родителите на пејачот секој ден доаѓаат во посета на синот, наутро и попладне. И утррово беа, но овој пат без вереницата Марина.

На 23 октомври Дарко преживеа тешка сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил излета од патот во нивата и се преврте на кров.

Тој три дена помина во вештачка кома поради тешки повреди, следеа операции, а вметнат му е и вештачки колк. Покрај сето тоа пејачот се бори и со апстиненцијална криза.

Loading...